Состанокот на Стратешкиот одбор беше фокусиран на координација на заедничките активности меѓу универзитетите членки, дискусија за стратешките приоритети и понатамошно зајакнување на соработката во областите на високото образование, научното истражување, иновациите и интернационализацијата.
Учеството на претставниците на УЈИЕ на овој состанок на високо ниво ја одразува континуираната посветеност на Универзитетот кон алијансата ChallengeEU и неговата активна улога во обликувањето на заедничките европски иницијативи насочени кон подобрување на академскиот квалитет, мобилноста и меѓународната конкурентност.
Алијансата ChallengeEU претставува значајна платформа за соработка меѓу европските универзитети, во чии рамки УЈИЕ придонесува со својата академска и институционална експертиза, дополнително зајакнувајќи ја својата позиција во рамките на Европскиот високообразовен простор (EHEA).
