Делегацијата на УЈИЕ беше примена од амбасадорот на Република Косово во Скoпјe, неговата екселенција Флоријан Ќехаја. За време на средбата, двете страни го честитаа 17. февруари - Денот на независноста на Косово, нагласувајќи ја важноста на овој историски датум за државата и нејзините граѓани.
Во пријателска и братска атмосфера, соговорниците изразија подготвеност за продлабочување на соработката помеѓу Универзитетот на Југоисточна Европа и надлежните институции во Косово, во сите области од заеднички интерес - особено во високото образование, научните истражувања, академската мобилност и заедничките меѓународни проекти.
На овој прием учествуваа претставници на државните институции, дипломатскиот кор, универзитетите и разни организации, нагласувајќи ја важноста на соработката и одржливите врски меѓу земјите од регионов.
