Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ продолжува со меѓународните стандарди – го обнови сертификатот со престижниот меѓународен стандард ISO 9001:2015 од TÜV NORD

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) постигна уште еден значаен успех на својот пат кон институционална извонредност, продолжувајќи го за уште 3 години сертификатот со престижниот меѓународен стандард ISO 9001:2015 од TÜV NORD.

Овој сертификат потврдува дека УЈИЕ ги исполнува највисоките меѓународни стандарди во системот за управување со квалитет, гарантирајќи дека сите административни и академски процеси се одвиваат на структуриран, транспарентен начин и се во функција на што поквалитетно искуство за студентите.

Процесот на сертификација вклучуваше сеопфатна евалуација на институционалното функционирање, вклучувајќи ги процедурите за прием на студенти, организацијата на наставата, студентските служби и механизмите за континуирано подобрување.

Резултатите од оваа евалуација ја докажуваат посветеноста на УЈИЕ за обезбедување образование според европски стандарди и за градење на модерна и доверлива академска средина.

Google+