Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Американскиот професор Џим Лофтон во посета на УЈИЕ

Универзитетот на Југоисточна Европа беше домаќин на американскиот професор Џим Лофтон од Универзитетот „Вашингтон и Ли“, личност со долгогодишно искуство во федералниот правосуден систем на Соединетите Американски Држави.

За време на посетата на Универзитетот на Југоисточна Европа, професорот Лофтон оствари средба со ректорот на Универзитетот, проф. д-р Садудин Ибраими, како и со советничката за односи со заедницата и меѓународни односи, проф. д-р Беса Арифи.

На средбата се разговараше за значењето на меѓуинституционалната соработка, размената на академски и професионални искуства, како и за можностите за унапредување на соработката во областа на високото образование и правото.

Google+