Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Во УЈИЕ се промовираше прекуграничниот проект -Иницијатива за зелени училишта

Денес, во Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), се одржа церемонијата за почеток на проектот „Иницијатива за зелени училишта (Green Schools Initiative-GSI) – Подобрување на енергетската ефикасност, обновливото греење и одржливоста во образованието“ – проект финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА III Програмата за прекугранична соработка Косово – Северна Македонија.

Проектот ќе се спроведува во текот на следните 18 месеци од страна на УЈИЕ како водечки партнер, во соработка со Општина Брвеница, Институтот за развојни политики (INDEP) и „Иницијативата за зајакнување на образованието“ (Education Empowerment Initiative – EEI) од Косово. За време на настанот, учесниците се запознаа со целите и акцискиот план на проектот, а беа потпишани и договорите за партнерство и документите за управувачката структура на проектот.

Во својот поздравен говор, ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, ја истакна важноста на регионалната соработка и инвестициите во енергетската ефикасност и еколошкото образование, како клучни елементи за одржлив развој.

Преку овој проект ќе се поддржат училиштата со модерни решенија за ефикасно греење и мерки за заштеда на енергија, со што ќе се придонесе кон намалување на емисиите на јаглерод, подигнување на еколошката свест и промоција на зелената транзиција во локалните заедници.

Проектот „Green Schools Initiative“ претставува важен чекор кон создавање поодржливи образовни институции и зајакнување на прекуграничната соработка во функција на европските цели за климата и одржливиот развој.

Google+