Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Советот на Општина Сарај го ослободи Универзитетот од плаќање на комунални такси на општината за изградба на Кампус

Проширувањето на Кампусот на Универзитетот во Скопје се реализираше во септември 2008 година со упис на студенти според очекувањата на УЈИЕ за програмите во првиот и во вториот циклус на студии. Ова е резултат на разноликоста на студиските програми со настава на албански и на македонски јазик но исто така и на студиските програми на англиски јазик кои беа подготвени од меѓународни експерти во согласност со барањата на пазарот на трудот.

Тековно,барањатаза студии продолжуваат да растат во ограничениот простор во Скопје. За оваа цел, Одборот на Универзитетот на Југоисточна Европа побара од ректоротда развие долгорочен план, вклучувајќи ја и алтернативата за развој на проектот во Сарај.

Сега, може да изјавиме дека во оваа насока се направени и првите чекори.Така, завчера Советот на Општина Сарај, поддржан од градоначалникот на оваа општина, г. Беким Мурати, го одобри барањетоза ослободувањеод плаќање на комунални такси на општината за регулирање на градежното земјите за изградба на Кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа.

По оваа важна фаза, Универзитетот е во процес на барање на инвеститории се планирадо 2015 година доколку има заинтересиранипартнери- инвеститори да се започне со имплементацијата на овој многу важен проект . Воовој случај , се очекува Универзитетотда ја прошири понудата на програмитеза додипломски и за последипломски студиии да ги зајакне научно-истражувачкитеи претприемачки капацитети.

Google+