Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Познати професори од САД имаа предавања во Катедрата за комуникации во ЈИЕУ

Катедрата за комуникациски науки на ЈИЕУ, организираше јавно предавање со двајца познати професори за комуникациски науки од Универзитетот на Индијана – Пердју Универзитетот – Индијанополис (САД), Џонатан Тенкел и Џејн Бенкс.Предавањето е наменето за студентите на Комуникациски науки, кои ги следат предавањата на албански и на македонски јазик.

Професорот Џонатан Танкел, во своето предавање ќе се фокусира на темата:

„Филозофијата и естетиката на медиумската аудио-продукција и нивната важност за студентите“. Професорот Џејн Бенкс, ќе одржи предавање на тема: „Културниот капитал и мултикултурното образование - потенцијални апликации за Македонија“.

Продеканот и одговорниот на Катедрата за комуникациски науки на ЈИЕУ, Ветон Латифи рече дека на оваа катедра во континуитет се организираат предавања со познати професори од разни универзитети од САД и Европа.

Студентите со голем интерес ги следеа предавањата и поставуваа разни прашања за гореспоменатите теми.

Google+