Најнови информации
-
Излезе од печат книгата „Вовед во бизнисот“
12 октомври 2010 -
Ректорот Дика се сретна со шпанскиот амбасадор во Македонија
5 октомври 2010 -
Ректорот Дика се сретна со францускиот амбасадор во Македонија
5 октомври 2010 -
Трибина за децентрализација во ЈИЕУ
1 октомври 2010
„Реперкусии од процесот на децентрализација на општините девет години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор“ беше темата на конференцијата која се одржа во вторник (28 септември 2010 година) на Универзитетот на ЈИЕ во организација на Институтот за демократија и развој. Главни говорници на оваа конференција беа: градоначалници од неколку општини во Република Македонија, владини претставници и експерти од областа на локалната самоуправа.
Градоначалникот на општина Гостивар проф. д-р Руфи Османи во посета на Ректорот проф. д-р Замир Дика
30 септември 2010
Во вторник (28 септември 2010 година), ректорот на ЈИЕУ, проф. д-р Замир Дика го прими во посета градоначалникот на општина Гостивар Руфи Османи. Дебата во ЈИЕУ за стабилноста на Европа
28 септември 2010
„ Интегрирањето во ЕУ како инструмент за стабилност и сигурност“ беше темата на дебатата која се одржа во ЈИЕУ во петок ( 24 септември 2010 година) во организација на Фондацијата институт отворено општество Македонија (ФИООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО).
Хедер Хеншоу ја зазема позицијата извршен советник за изведба и квалитет
23 септември 2010
Од 31 август, 2010 година Хедер Хеншоу ја зазема позицијата извршен советник за изведба и квалитет. На оваа позиција таа е одговорна за развој, мониторинг и евалуација на политиките и процедурите од областа на човечките ресурси кои имаат влијание врз развојот на кадарот како што се вработувањето, академското унапредување, професионалниот развој и индивидуалниот менаџмент со кадарот.
Се одржа првиот академски час
22 септември 2010Се инаугурира новиот ректор на ЈИЕУ проф. др. Замир Дика
3 септември 2010
На свечена церемонија, на која беа присутни голем број дипломати, претставници од Министерството за образование, ректори на разни универзитети во Македонија, Албанија и Косово, градоначалници, професори, студенти и др. во среда (1 септември 2010 ) беше инаугуриран новиот ректор на ЈИЕУ, проф. д-р Замир Дика.
Ова е втора прилика на која Универзитетот инаугурира Ректор и поради тоа ова е многу важен ден за нас, рече Претседателот на Одборот на универзитетот, д-р Денис Фарингтон, кој го инагурира новиот ректор.
Информација за печат: Проф. д-р Пол Фостер е избран за Provost на Универзитетот - виш проректор (заменик-претседател) за академски прашања
31 август 2010
На 30 август 2010 година Извршниот комитет на Одборот на Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ) го именуваше проф. д-р Пол Фостер за Provost на Универзитетот - виш проректор (заменик-претседател) за академски прашања. Фостер ќе биде втор по ранг административен службеник на ЈИЕУ и ќе ги надгледува академските програми и сите аспекти на предавање и научење во кампусите во Тетово и во Скопје. Тој ќе раководи со работата на сите пет факултети како и на истражувачките центри, со понудите за студии од дистанца, со библиотеката и со центарот за кариера.
Доц. Др. Беким Фетаји е избран за член на комитетот на програмата за меѓународната конференција за ИТИ за 2011 година
25 август 2010Доц. Др. Беким Фетаји по службата како рецензент на меѓународната конференција за ИТИ (книгата со листата на рецензентите може да се најде во библиотеката Макс ван дер Штул) е избран за член на комитетот на програмата за меѓународната конференција за ИТИ за 2011 година.
Најново меѓународно издание на книгата ,,Директен маркетинг и мал бизнис“ од авторите д-р Неџби Весели, д-р Вељанд Рамадани и м-р Гадаф Реџепи
19 август 2010,,Директен маркетинг и мал бизнис“ е најновото меѓународно издание на книгата од авторите д-р Неџби Весели, д-р Вељанд Рамадани и м-р Гадаф Реџепи, професори на Факултетот за бизнис и економија на ЈИЕУ. Оваа книга е издадена од познатиот издавач Ламберт Академик (Lambert Academic Publishing) од Германија (книга ISBN: 978-3-8383-8835-9).