Ректорот Беџети му се заблагодари на министерот за образование што ја доставил официјалната одлука за отворање на овој факултет и за поддршката во целиот процес.
„Имаме многу квалитетни понуди не само во смисла на квалитетен кадар, туку и на техника и технологија. Се надеваме дека со функционирањето на овој факултет ќе дадеме соодветно општествено влијание и во оваа сфера. Исто така, денес ја промовираме сета технологија и опрема што ја обезбедивме, особено Симулацискиот центар, кој на студентите од прва година им ги нуди сите практични можности“, рече меѓу другото во својот говор ректорот Беџети.
Ректорот Беџети рече дека факултетот останува отворен за соработка заедницата, особено за средните училишта кои можат да го искористат технолошкиот капацитет на овој факултет.
Министерот за образование и наука на Северна Македонија, Јетон Шаќири, рече дека е задоволен од она што го видел денес, нагласувајќи ја опремата и капацитетите за реализација на практичната работа.
„Ние како министерство ги поддржуваме овие иницијативи, бидејќи се во служба на интердисциплинарната настава, каде теоријата и практиката се испреплетуваат на едно место“, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
Факултетот за здравствени науки нуди две насоки: студии за медицински сестри и студии за физиотерапија. Се очекува понудата на овој факултет да се прошири и со други насоки иднина.