Учениците од училиштата „Лирија“ и „Кикиш“, од Тетово, придружувани од нивните наставници, веќе се дел од овој традиционален саем кој е посветен на инклузивноста, што значи создавање простори и овозможување пристап до средини без физички бариери, обезбедување наставни средства, полесен пристап до книги и наставни материјали со видливост и читливост за учениците со посебни образовни потреби како и опрема со помошна технологија.
Според деканот на Факултетот за јазици, култури и комуникации, проф. д-р Демуш Бајрами, овој саем за учениците со посебни потреби нуди нов пристап и промена на концептот за третирање на овие деца.
„Почнувајќи од потребите на сите деца и нивните разлики во околината, овој нов пристап најдобро може да се изрази во рамките на „инклузивно општество“, кое ги поставува наставниците пред нови предизвици за промена и приспособување на начинот на настава и следење на други активности во насока на исполнување на барањата на овие деца како нераскинлив дел од општеството“, рече проф. Бајрами.
Проф. д-р Агим Пошка рече дека од своето основање, УЈИЕ е инклузивен универзитет во многу аспекти, како на пример во флексибилната употреба на јазиците, но и во почитувањето на мултикултурализмот. „Последнава деценија имаме поголем фокус на децата со посебни потреби и вклучување на нашите ученици во заеднички волонтерски активности со оваа категорија на ученици промоција на инклузивното образование“, заклучи проф. Пошка.
Дури и наставниците од присутните училишта ценејќи го овој саем, истакнаа дека чекорат со промените што ги бара денешното време. Според нив, наставниците се прилагодуваат на потребите и барањата на децата, вклучително и адаптација од секој аспект, за да им се понудат најдобри можни педагошки, инфраструктурни услови.