На ова издание учествуваа 16 тимови од правните факултети од Република Албанија, Република Косово и Република Северна Македонија.
По неколкунеделни интензивни подготовки и три рунди на вербално соочување, тимот на УЈИЕ успешно го осигура третото место, рангирајќи се меѓу трите најдобри тимови на ова издание.
Тимот на УЈИЕ се истакна со својот професионален настап и одличната изведба во сите рунди од натпреварот. Жирито високо го оцени нивото на правно аргументирање, квалитетот на процесните поднесоци, вербалната презентација, тимската работа, како и подготвеноста и професионалноста во одговорите на прашањата поставени од жирито и од противничките тимови.
Вреди да се напомене дека ова е трет пат по ред како студентите од Правниот факултет на УЈИЕ учествуваат на овој престижен натпревар, додека во 2024 година тимот на УЈИЕ беше победник и го освои првото место.
Овој успех ја докажува посветеноста на Правниот факултет на УЈИЕ во академската и практичната подготовка на студентите, создавајќи услови и можности тие да ги развијат своите професионални вештини, критичкото размислување и правните компетенции на меѓународно конкурентно ниво.
Правниот факултет на УЈИЕ меѓу топ трите најдобри тимови на сеалбанскиот натпревар за симулирано судење во Тирана
18 мај 2026Тимот на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), составен од студентките од четврта година Флутра Џемаили, Амина Адеми и Ремзије Абази, под водство и менторство на проф. д-р Ведије Раткоцери, успеа да го освои третото место на сеалбанскиот натпревар за симулирано судење „University Law Competition 2026“, кој се одржа на 16. и 17. мај во Тирана.
Повеќе вести
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics
- Делегација од Универзитетот Западна Каролина (САД) во посета на УЈИЕ
- Факултетот за технички науки при УЈИЕ ја отвори XII Изложба на студентски проекти во Архитектура и дизајн
- Делегација од Mid Sweden University во посета на УЈИЕ: дискутирани заеднички студиски програми и нови можности за мобилност
- Библиотеката „Макс ван дер Штул“ на Меѓународен симпозиум во Осло
- Во УЈИЕ се промовираше прекуграничниот проект -Иницијатива за зелени училишта
- Делегација од Универзитетот за применети науки и уметности на Северозападна Швајцарија (FHNW) го посети УЈИЕ