Во својата презентација за стратешките насоки и визијата на Универзитетот, ректорот, проф. д-р Садудин Ибраими, ја нагласи важноста на преминот од фазата на консолидација кон нова етапа на развој на Универзитетот, истакнувајќи ја потребата од континуиран напредок во различни области на универзитетското делување, во согласност со промените и барањата на времето.
Во фокусот на обуката беше и AI@SEEU, со сесијата „Академски рамки на ВИ“, презентирана од проф. д-р Флорије Исмаили. За случувањата во областа на научно-истражувачката дејност на УЈИЕ презентираше проректорот за планирање, истражување и претприемништво, проф. д-р Веланд Рамадани. Достигнувањата и портфолиото на Институтот „Макс ван дер Штул“ беа презентирани од директорот на Институтот, проф. д-р Вели Креци, додека имплементираните иновациски проекти на Бизнис иновејшн сентр (БИЦ) беа презентирани од директорот Авни Арифи. Програмата го опфати и презентирањето на процесот на трансфер на студенти, од страна на Дритон Асани и Дешира Имери, со фокус на усогласување на процесите и текот на работата.
Обуката има за цел унапредување на професионалните компетенции на кедарот и размена на искуства за користење на новите технологии во академските и административните процеси.
Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
1 септември 2026Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) денеска ја започна традиционалната дводневна обука за академскиот и административниот кадар, која оваа година се одржува под темата „Вештачка интелигенција, иновации и дигитална трансформација“.
Повеќе вести
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics
- Делегација од Универзитетот Западна Каролина (САД) во посета на УЈИЕ
- Факултетот за технички науки при УЈИЕ ја отвори XII Изложба на студентски проекти во Архитектура и дизајн
- Делегација од Mid Sweden University во посета на УЈИЕ: дискутирани заеднички студиски програми и нови можности за мобилност
- Библиотеката „Макс ван дер Штул“ на Меѓународен симпозиум во Осло