Најнови информации
-
Lens.Org го рангираше УЈИЕ на прво место во Северна Македонија за научни публикации во областа на бизнисот
13 јули 2021Lens.Org го рангираше УЈИЕ на прво место во Северна Македонија за научни публикации во областа на бизнисот
-
Дан Фелнер доби специјалистички грант на Фулбрајт да предава на Универзитетот на Југоисточна Европа
6 јули 2021Дан Фелнер, соработник на Државниот универзитет на Аризона, Центарот „Меликијан“ за руски, евроазиски и источноевропски студии доби престижен специјалистички грант на Фулбрајт за предавања оваа есен на Универзитетот на Југоисточна Европа во Република Северна Македонија.
-
Ректорот Беџети учествуваше на меѓународната конференција на Преспа форум дијалогот
2 јули 2021Ректорот на Универзитетот во Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, во четвртокот (1. јули 2021 година), учествуваше на првата меѓународна конференција „Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна“.
-
Се одржa втората и завршна изложба на студентите по Архитектура и дизајн
25 јуни 2021Факултетот за современи науки и технологии, денес (25.06.2021год.), ја одржа втората завршна изложба со дела од студентите по Архитектура и дизајн.
-
Се потпиша меморандум за соработка меѓу УЈИЕ и Државниот завод за ревизија
23 јуни 2021Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и главниот државен ревизор Максим Ацевски, денес (23.06. 2021 година) во Скопје, потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции.
-
Еколошка акција на Студентското собрание во Тетово и во Скопје
18 јуни 2021Студентското собрание на Универзитетот на Југоисточна Европа, денес (18.06. 2021 год.), под мотото „Екологијата е трајна економија“, спроведе симболична еколошка акција за чистење на градот Тетово и на градот Скопје.
-
На УЈИЕ беше промовирана книгата „Образованието во кревка демократија“
18 јуни 2021Во средата (16. јуни 2021 година), во организација на Факултетот за јазици, култури и комуникација во Библиотеката на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, пред студентите и вработените беше промовирана книгата „Arsimi në demokracinë e brishtë /Образованието во кревка демократија “ од авторот - проф. д-р Бардил Мусаи.
-
Главниот државен ревизор - Ацевски во посета на УЈИЕ
16 јуни 2021Главниот државен ревизор, Максим Ацевски, денеска го посети Универзитетот на Југоисточна Европа. Тој оствари средба со ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети на која разговараа за можностите за соработка помеѓу двете институции.
-
УЈИЕ вторoрангиран во Северна Македонија и прворангиран меѓу албанските универзитети во регионов според светското рангирање на Универзитети - Quacquarelli Symonds (QS)
16 јуни 2021Најголемата база за рангирање на универзитети во светот, светско рангирање на универзитети Quacquarelli Symonds (QS) , го рангира Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), втор во Северна Македонија и прв меѓу албанските универзитети во регионов.
-
Се одржа церемонија на дипломирање на седумнаесеттата генерација апсолвенти на УЈИЕ
12 јуни 2021На Универзитетот на Југоисточна Европа, денес (12.06.2021 год.), се одржа седумнаесеттата по ред церемонија на дипломирање. На настанот присуствуваа претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, министерката за образование и наука, Мила Царовска, министерот за финансии, Фатмир Бесими и амбасадорот на Словенија, Милан Предан, како и многумина родители и семејства. Дипломираните студенти од УЈИЕ фрлаа капи симболично за да го означат завршувањето на првиот циклус на студии.
-
Се одржа конференција за животна средина – промовирање на студиската програма 3Е Енергија, економија и екологија
9 јуни 2021Енергија, економија и екологија, беше темата на конференцијата, што се одржа денес (9. јуни 2021 година), на Универзитетот на Југоисточна Европа, во организација на Факултетот за бизнис и економија, на која се промовираше и студиската програма „Енергија, економија и екологија".
-
Дебата за предизвиците при вработувањето и вработувањето на младите
4 јуни 2021„Предизвици, можности и мерки за зголемување на вработувањето и вработувањето кај младите“, беше темата на дискусијата во форма на состаноци на градското собрание, одржани во четвртокот (3. јуни 2021 година), на УЈИЕ, во организација на Центарот за образование и развој во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи“ на Швајцарската агенција за развој и соработка , спроведен од Меѓународната фондација за изборни системи во партнерство со Националниот младински совет на Македонија.
-
Дебата за вработеноста на младите - УЈИЕ со структурирана понуда согласно барањата на пазарот на трудот
27 мај 2021Институтот за лидерство и јавна политика, денес (27.05. 2021 година), во Тетово, организираше панел дискусија на тема: „Вработувања и можности за вработување на младите во земјата“. Главните панелисти беа: амбасадорката на САД во Северна Македонија - Н.Е. Кејт Мери Брнс, ректорот на Универзитетот во Југоисточна Европа - акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети, градоначалничката на Тетово-Теута Арифи и директорот на Агенцијата за вработување на Северна Македонија - Абдуш Демири. Дебатата беше модерирана од Пранвера Касами, директорка на Институтот за лидерство и јавна политика.
-
Ректорот на УЈИЕ, академик проф. д-р Абдулменаф Беџети учествува на Меѓуректорската конференција, организирана од Националната агенција за европски студиски програми и мобилност што се одржува во Скопје
26 мај 2021Тема на дискусија на оваа конференција која се одржува денеска (26 мај 2021 година) во Скопје е интернационализацијата на високото образование во РСМ и зголемување на соработката со високообразовните институции во ЕУ и светските земји, со цел да се привлечат студентите да студираат во РСМ.
-
Се отвори Форензичка лабораторија на УЈИЕ – прва и уникатна која функционира во рамките на Универзитет
20 мај 2021На свечена церемонија со сечење на лента од ректорот, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, денес (20. мај 2021 год.), беше отворена Форензичка лабораторија на Универзитетот на Југоисточна Европа, која функционира во рамките на Правниот факултет.
-
УЈИЕ ќе го прошири шумскиот појас и зеленилото во Кампусот во Тетово
30 април 2021Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, денеска (30. април 2021 година), оствари средба со министерот за Земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и неговите соработници.
-
Се потпиша меморандум за соработка помеѓу УЈИЕ и Нормак Инвестмент Груп за можностите за вработување на студентите
16 април 2021Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа - акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и генералниот директор на Нормак Инвестмент Груп АД Тетово, Александар Зарков, денес (16.04. 2021 год.), потпишаа Меморандум за соработка за воспоставување директна комуникација помеѓу двете институции. На церемонијата на потпишување присуствуваше и Претседателот на Управниот одбор на Нормак Инвестмент Груп, г. Аки Етеми.
-
Телеграма на сочувство по повод смртта на Патрик О 'Меара ,заменик-ректор на Универзитетот во Индијана
31 март 2021Ректорот на Универзитетот во Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, во свое име и во име на вработените на УЈИЕ, испрати телеграма со сочувство до семејството и раководството на Универзитетот, по повод смртта на Патрик О'Меара, професор и заменик-ректор на Универзитетот во Индијана (УИ).
-
УЈИЕ се здоби со Еразмус-повелба за високо образование за периодот 2021 - 2027 година
19 март 2021Универзитетот во Југоисточна Европа се здоби со Еразмус-повелба за високо образование за периодот 2021 - 2027 година, оваа Повелба е издадена од Европската комисија.
-
Посета на извршниот директор на Меѓународниот бизнис колеџ Митровица на УЈИЕ
18 март 2021Извршниот директор на Меѓународниот бизнис колеџ Митровица (International Business College – IBC-M), проф. д-р Хери Туомола, денес (18.03.2021), го посети Универзитетот на Југоисточна Европа и оствари средба со ректорот, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети.