Најнови информации
-
Конференцијата за печат по повод крајот на годината: УЈИЕ ја затвора годината со рекорден број запишани студенти
20 декември 2022Универзитетот на Југоисточна Европа завршува многу успешна година, каде што поставивме и рекорд во уписот на нови студенти, во сите три студиски циклуси, со значителен пораст на додипломските студии, од 13,4 %, или вкупен пораст на запишани студенти од 6%, изјави ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, на конференцијата за печат со новинарите, која се одржа денес (20.12.2022 година), во Кампусот во Тетово.
-
Објаснување во врска со уверенијата за дипломирање
13 декември 2022Универзитетот на Југоисточна Европа од почетокот на своето работење, па до денес функционира во согласност со законите за високото образование кои биле во сила во различни периоди во нашава земја. Во првата година од функционирањето на оваа високообразовна институција (2001), Универзитетот работеше според Законот за високото образование (ЗВО) бр. 64/2000 година. Овој Закон беше на сила до 2008 година и дотогаш претрпе три измени и дополнувања. Релевантна за додипломските студии е првата измена на овој Закон што се случи во 2003 година.
-
Ректорот Беџети главен говорник на Меѓународната научна конференција - Bridge 2022
11 декември 2022Во коорганизација со Универзитетот во Призрен-„Укшин Хоти“ на 9 и 10 декември, во Призрен се одржа „Првата меѓународна научна конференција- Bridge 2022“ на клучната тема „Новите трендови во светот што се менува“.
-
Директни докази од Украина на форумот кој се одржа во УЈИЕ
7 декември 2022„Сведоштва од Украина“, беше темата на трибината што се одржа денес (07.12.2022 година) на Универзитетот на Југоисточна Европа, на која претставници на локалната власт на регионот Киев и градот Ирпин претставија директни сведоштва за настаните во Украина.
-
Информација за јавноста
1 декември 2022Универзитетот на Југоисточна Европа е независна приватно-јавна непрофитна институција со посебен статус предвиден со Законот за високото образование на Република Северна Македонија.
-
Избори за Студентското собрание и асоцијација (ССА)
1 декември 2022Избори за Студентското собрание и асоцијација (ССА)
-
Се одржа завршниот состанок на проектот за градење капацитети и борба против лажните вести
29 ноември 2022На Универзитетот на Југоисточна Европа, денес (29.11.2022 год.) се одржа завршниот состанок на проектот насловен „Градење капацитети на универзитетскиот кадар и претставниците на медиумите во борбата против лажните вести, дезинформациите и дезинформациските кампањи “, кој беше спроведен од Институтот „Макс ван дер Штул“ (ИМВДШ), во соработка со Чешката амбасада во Република Северна Македонија.
-
Честитки за 28. ноември!
28 ноември 2022Честитки за 28. ноември!
-
21 година посветеност и достигнувања – УЈИЕ ја одбележа годишнината од основањето
18 ноември 2022Во присуство на кадарот, студентите, членовите на семејството и поканетите гости, Универзитетот на Југоисточна Европа со свечена церемонија денес (18.11.2022 година) ја одбележа 21. годишнина од основањето. На оваа свеченост беа промовирани и новите доктори на науки.
-
Се одржа традиционалниот меморијален турнир „ Арбен Џафери“.
18 ноември 2022Во рамки на активностите за одбележување на 21. годишнината од основањето на Универзитетот на Југоисточна Европа, во четврток во организација на Одделот за спорт во спортската сала на средното медицинско училиште, се одржа традиционалниот меморијален турнир во мал фудбал „Арбен Џафери“.
-
Студентска панел-дискусија со претседателот на Одборот Клаус Тотерман
17 ноември 2022Во организација на Студентското собрание на УЈИЕ, а по повод 17 ноември -Меѓународниот ден на студентите, денес се одржа трибина на студентите со претседателот на Одборот на Универзитетот, Клаус Тотерман, на тема: „Добијте добри оценки“ (Get good grades).
-
Универзитетот на Југоисточна Европа и Универзитетот „Albanian University“ потпишаа договор за соработка
15 ноември 2022Развојот на академската соработка на ниво на универзитетски студии, како и развој на истражувачки, научни и културни активности, е главната цел на Договорот за соработка помеѓу Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) и Универзитетот „Albanian University“ (АУ) од Тирана, кој беше потпишан денес (15.11.2022 година), во Тетово.
-
Претставници на Северозападен државен универзитет на Мисури го посетија Универзитетот на Југоисточна Европа
14 ноември 2022Претставници на Државниот универзитет на Северозападниот дел на Мисури (Северозападен државен универзитет на Мисури), од САД, денес (14.11.2022 год.) го посетија Универзитетот на Југоисточна Европа и остварија средба со ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети.
-
УЈИЕ и Министерството за информатичко општество потпишаа Меморандум за соработка
3 ноември 2022Академскиот кадар на Универзитетот на Југоисточна Европа ќе соработува со Министерството за информатичко општество и администрација, обезбедувајќи им на вработените податоци од истражувања, стручни анализи, предлози, научни заклучоци и стручна литература.
-
Се одржа информативна сесија за можностите за студирање во САД
2 ноември 2022Во организација на Канцеларијата за меѓународна соработка, при Универзитетот на Југоисточна Европа, денес (2. ноември) беше организирана информативна сесија за студентите и за вработените за можностите за студирање во САД.
-
Министерот Спасовски одржа предавања за студентите на УЈИЕ за усогласување на законодавството со законодавството на ЕУ
31 октомври 2022„Усогласување на законодавство во РСМ со европските стандарди и прописи во рамките на МВР“, беше темата на предавањето на министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Оливер Спасовски, што го одржа денес (31.10.2022 год.) , за студентите на Универзитетот на ЈИЕ, организирано од Студентското собрание и асоцијација и Правниот факултет.
-
Се потпиша меморандум за соработка за привлекување потенцијални студенти од Блискиот Исток
25 октомври 2022Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, aкад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и почесниот генерален конзул на Република Северна Македонија во Сирија, г. Мазен И. Хамур , денес, (25.10.2022 година) го потпишаа Меморандумот за соработка за интернационализација на студиските програми.
-
Дебата за енергетската и инфлационата криза во организација на Студентското собрание и асоцијација
18 октомври 2022„Енергетска и инфлациона криза“, беше темата на панел -дискусијата, организирана од Студентското собрание и асоцијација, што се одржа денес (18.10.2022 год.), на Универзитетот на Југоисточна Европа.
-
Ректорот Беџети го претстави уникатниот функционален модел на УЈИЕ на меѓународната конференција за високо образование во Косово
14 октомври 2022Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, во четвртокот (13.10.2022 год.) во Приштина, учествуваше на Втората годишна конференција за високо образование во Косово.
-
Свечено отворен новиот Факултет за здравствени науки
5 октомври 2022Со сечење на лентата од страна на ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџет и министерот за образование и наука Јетон Шаќири денес (05.10.2022) свечено беше отворен новиот Факултет за здравствени науки на Универзитетот на Југоисточна Европа.