Најнови информации
-
Вебинар за реформите во образованието наставници по англиски јазик
15 март 2021На вебинарот организиран од Факултетот за јазици, култури и комуникација / Катедрата за англиски јазик се собраа 35 учесници од земјава и регионов и ги дискутираа реформите во образованието на наставници по англиски јазик во Балканскиот регион.
-
Пописот не е само статистичка операција бидејќи резултира со правни и уставни ефекти - Дебата на УЈИЕ за пописот на населението во РСМ
11 март 2021На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, денес (11.03.2021год.) се одржа јавна дебата за процесот за попис во Република Северна Македонија, на тема: „Потребата од подигнување на јавната свест за пописот во Република Северна Македонија“. Главни панелисти на дебатата беа проф. д-р Јетон Шасивари, проф. д-р Демуш Бајрами и проф. д-р Али Пајазити.
-
Ректорот Беџети испрати телеграма со сочувство по повод смртта на проф. Зејнулах Груда
8 март 2021Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, по повод смртта на проф. Зејнулах Груда, преку телеграма изрази најискрено сочувство до семејството на починатиот.
-
УЈИЕ еден од најуспешните универзитети во спроведувањето на проекти и размена на студенти преку Еразмус +
3 март 2021Ректорот на Универзитетот во Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, денес (3. март 2021 година), имаше работна средба со делегацијата на Националната агенција за европски студиски програми и мобилност, предводена од в.д. директорот Марко Георгиевски.
-
Се одржа втората меѓународна конференција за општествени науки и владеењето на право
1 март 2021Дали владите наоѓаат вистинска рамнотежа помеѓу јавното здравство и владеењето на правото, или одат многу подалеку? Ова беше едно од прашањата на кои научниците од различни универзитети од земјава и од регионов се обидоа да одговорат на Втората меѓународна научна конференција за правни и општествени науки, насловена како „Владеење на правото, управување и општество“, која се одржа во саботата (27.февруари, 2021 год.), на Универзитетот во Југоисточна Европа.
-
УЈИЕ донира училиштен прибор на Гимназијата во Гостивар и Воспитно -поправниот дом
23 февруари 2021Како дел од својата мисија и општествената одговорност, Универзитетот на Југоисточна Европа донираше училиштен прибор на Воспитно-поправниот дом - Тетово и на Средното општинско училиште „Гостивар“ во Гостивар.
-
Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа стана дел од Европската асоцијација на правни факултети
19 февруари 2021Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа од 03 февруари 2021 година официјално стана дел од престижната мрежа на европски правни факултети - Европската асоцијација на правни факултети - ЕЛФА (European Association of Law Faculties-ELFA), чиј членови се и Правниот факултет од Загреб, Љубљана, Цирих, Виена, Единбург, Линколн, Салцбург, Брисел, Грац, Даблин, Копенхаген итн., што меѓу другото обезбедува и овозможува учество на Правниот факултет на УЈИЕ како член во сите активности организирани од асоцијацијата.
-
Официјално се отвори Младинскиот ресурсен центар – проект имплементиран од УЈИЕ
18 февруари 2021Со посебна церемонија, денес (18.02.2021 год.), во Гостивар официјално се отвори Младинскиот ресурсен центар (МРЦ). Отворањето на овој центар е поддржано преку проектот на Швајцарската агенција за соработка и развој и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а кофинансиран од Општина Гостивар. Проектот го имплементира Универзитетот на Југоисточна Европа.
-
Се отвори изложба на дела од еден семестар на студентите по „Архитектура и дизајн“ на УЈИЕ
12 февруари 2021Факултетот за современи науки и технологии, денес (12.02.2021 год.) ја отвори Изложбата на дела од студентите по „Архитектура и дизајн“. За прв пат во Северна Македонија се организира изложба на дела од студенти од оваа област од првиот семестар.
-
Актерот Бајруш Мјаку го посети УЈИЕ и ја донираше книгата „Мудрост и глупост“
3 февруари 2021Познатиот албански актер и творец, Бајруш Мјаку, денес (3. февруари 2021 година), го посети Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и во оваа прилика на Универзитетската библиотека „Макс ван дер Штул“ и подари неколку примероци од неговата најнова книга „Мудрост и глупост “. Меѓународно реномираниот актер, Бајруш Мјаку оствари средба со ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, со кого, во пријателска атмосфера, разменија мислења за образовните актуелни настани, но и за театарската култура.
-
Универзитетот на Југоисточна Европа e рангиран на вторo место во Северна Македонија според „Вебометрикс“
3 февруари 2021Меѓународно реномираната веб-страница Вебометрикс, на последната листа објавена на крајот на јануари, го рангираше Универзитетот на Југоисточна Европа на второто место, меѓу најдобрите универзитети во Северна Македонија, веднаш по универзитетот во Скопје „Свети Кирил и Методиј“. Академските и научните перформанси на УЈИЕ исто така се докажуваат на регионално ниво, каде е рангиран на трето место веднаш по Универзитетот во Тирана и Универзитетот во Приштина и прв од сите албански универзитети со сличен статус но и од приватните.
-
Се продлабочува соработката помеѓу УЈИЕ и Италијанската амбасада
28 јануари 2021Делегација од Италијанската амбасада во Република Северна Македонија, предводена од новиот амбасадор НЕ Андреа Силвестри, денес (28.01.2021 год.) го посети Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Делегацијата оствари средба со ректорот, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и проректорката за меѓународна соработка и истражување, проф. д-р Беса Арифи.
-
Ректорот Беџети на прес-конференцијата: УЈИЕ е единствен во земјава и во регионов со зголемување на бројот на запишани студенти
24 декември 2020Универзитетот на Југоисточна Европа успешно ја заокружи оваа календарска година и покрај многуте предизвици, особено здравствените. Ова јавно го изјави ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, на традиционалната средба на крајот на годината со новинарите која се одржа денеска (24.12.2020год.) и на која присуствуваше целото раководство, проректорите проф. д-р Бесник Фетаи, проф. д-р Адриан Бесими, проф. д-р Беса Арифи, како и генералниот секретар д-р Џеваир Мемеди и советникот за квалитет проф. д-р Вероника Карева.
-
Ректорот Беџети го потпиша договорот за грант Еразмус + за академската 2020-21 година
23 декември 2020Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и вршителот на должноста директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, денес (23. декември 2020 година), во Скопје потпишаа Договор за Еразмус + за академската 2020-21 година за размена на студенти и академски и административен кадар.
-
Ректорот на УЈИЕ Абдулменаф Беџети беше избран за надворешен член на Косовската академија на науки и уметности
23 декември 2020Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, во Изборното собрание на Косовската академија на науки и уметности (КАНУ), беше избран за надворешен член.
-
Се отвори лабораторија за виртуелна и аугментирана реалност на УЈИЕ
23 декември 2020Со свечен настан се одбележи отворањето на лабораторијата за виртуелна и аугментирана реалност (на 22 декември 2020 година) на Универзитетот на Југоисточна Европа. Ова е прва лабораторија од ваква природа поддржана од проектите на програмата за наука за мир и безбедност на НАТО и е опремена со најсовремени алатки од оваа област.
-
Во текот на 2020 година УЈИЕ додели околу 50 компјутери и опрема во вредност од над 100 илјади евра на основните и средните училишта
16 декември 2020Универзитетот на Југоисточна Европа не е само модел на настава во регионов, туку и истакната институција, која се грижи за пошироката заедница, придонесувајќи конкретно преку донации или други форми на институционална поддршка, особено на образовната заедница.
-
На УЈИЕ се одржува Првата меѓународна научна конференција за мултикултурно образование
2 декември 2020Центарот за балканска соработка „ЛОЈА“ во соработка со пет водечки универзитети: Универзитет на Југоисточна Европа, Универзитет во Тетово, Универзитетот„ Св. Кирил и Методиј“, Универзитетот „Гоце Делчев “и Универзитетот„Свети Климент Охридски “ Република во Северна Македонија во рамките на програмата Граѓанска мировна служба и како дел од проектот „Зајакнување на мултиетничка младинска работа во универзитетските наставни програми за идните наставници“ беше домаќин на првата Меѓународна научна конференција за мултикултурно образование.
-
Универзитетот на Југоисточна Европа и Школата „Нетинг“ – доботници на грант за професионална обука на деловните субјекти и меѓународните институции
2 декември 2020Neting school во партнерство со Универзитетот на Југоисточна Европа е добитник на грантот на Фондот за иновации и технолошки развој во Северна Македонија за имплементација на проектот за професионлна обука за бизниси, институции и други заинтересирани почнувајќи од ОАЕ, односно двата града: Дубаи и Абу Даби.
-
УЈИЕ го доби вториот грант во рамките на проектот H2020 Fed4Fire + кој ги вклучува и студентите на магистерски студии
30 ноември 2020Универзитет на Југоисточна Европа (УЈИЕ), односно Научниот институт Макс ван дер Штул во соработка со Центарот за бизнис и иновации е добитник на вториот грант во рамките на проектот H2020Fed4Fire +. Карактеристично е што во овој проект УЈИЕ е единствениот партнер и негов главен носител.