Најнови информации
-
Ректорот Беџети го претстави уникатниот функционален модел на УЈИЕ на меѓународната конференција за високо образование во Косово
14 октомври 2022Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, во четвртокот (13.10.2022 год.) во Приштина, учествуваше на Втората годишна конференција за високо образование во Косово.
-
Свечено отворен новиот Факултет за здравствени науки
5 октомври 2022Со сечење на лентата од страна на ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџет и министерот за образование и наука Јетон Шаќири денес (05.10.2022) свечено беше отворен новиот Факултет за здравствени науки на Универзитетот на Југоисточна Европа.
-
За прв пат во Полошкиот регион се одржува Саемот за социјално претприемништво
5 октомври 2022Во присуство на голем број компании и претставници на јавни институции, како и студенти, денес (5.10.2022 г.) во УЈИЕ се одржа Саемот за социјални претприемачи во организација на Агенцијата за поддршка на бизниси – ЕСА Тетово во соработка со Центарот за бизнис и иновации и Центарот за кариера на Универзитетот на Југоисточна Европа, како и со Економско-социјалниот совет на општина Тетово.
-
Извештајот на Светска банка за Северна Македонија се презентирање во УЈИЕ
28 септември 2022Претставниците на Светска банка, во средата (28.09.2022 година), во УЈИЕ, пред студентите и вработените, го презентира најновиот извештај за Северна Македонија, насловен: „Извештај за трговската конкурентност и ефективноста на државната помош на Северна Македонија“
-
Членови на Сирискиот уставен комитет го посетија УЈИЕ
27 септември 2022Членовите на Сирискиот уставен комитет, како дел од студиската посета на Северна Македонија, организирана од Европскиот центар за курдски студии во Берлин во соработка со Институтот за федерализам на Универзитетот во Фрибург, во вторник (27.09.2022 година), го посетија Универзитетот на Југоисточна Европа.
-
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Акад. Проф. Др. Абдулменаф Беџети е избран за претседател на Интеруниверзитетската конференција на Република Северна Македонија
22 септември 2022Интеруниверзитетската конференција на Северна Македонија, на седницата одржана на 22.09.2022 година го избра Акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети за нов претседател на оваа институција. Мандатот на Академик Беџети, започнува од 1 октомври и трае 2 години.
-
УЈИЕ партнер во новиот проект на Хоризонт Европа Ideal-Ist
22 септември 2022Универзитетот на Југоисточна Европа ќе биде активен партнер во новиот проект на Хоризонт Европа кој започна овој септември. УЈИЕ ќе учествува во сите работни пакети со главни форуми на WP2, координирани од вон. проф.д-р Адриан Бесими, НТК од Северна Македонија.
-
Се потпиша договор за соработка помеѓу УЈИЕ и Универзитетот „Хаџи Зека“
21 септември 2022Договорот за соработка беше потпишан во средата (21.09.2022 г.), во УЈИЕ во Скопје, од страна на ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и ректорот на Универзитетот „Хаџи Зека“, проф. д-р Арманд Красниќи.
-
На УЈИЕ се организираше традиционалниот прием на студентите од прва година
21 септември 2022На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и во Скопје во рамките на Ориентационата недела, денеска (21.09.2022) беше организиран традиционалниот прием за студентите од прва година, со кој воедно се означува почетокот на новата академска 2022-23 година.
-
Во УЈИЕ се одржува симпозиум за можностите за инвестирање во Република Северна Македонија
19 септември 2022Во рамки на дводневниот симпозиум (19-20, 2022 година) во организација на Универзитетот на Југоисточна Европа, претставници на Универзитетот, државни институции, претставници на компании, претседателот и членовите на одборот на Фондацијата на семејството Шамс и група од 10 инвеститори од САД ќе разговараат за можностите за инвестирање во Република Северна Македонија.
-
Ректорот Беџети учествуваше на 13. Меѓународен симпозиум за здравствени науки во Приштина
19 септември 2022Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети учествуваше на 13. Меѓународен симпозиум за здравствени науки, кој се одржа во петокот (17.09.2022 година) во Приштина, во организација на Институтот за социјална политика на Југоисточна Европа во соработка со Колеџот Хајмерер. Главната тема на симпозиумот беше: „Иновациите и технологијата во здравствените науки“, а учествуваа претставници и истражувачи од интердисциплинарните области на здравствените и општествените науки од десетици западноевропски земји, САД и Бразил.
-
Традиционалната обука за трансформација и развој на Универзитетот за да одговори на потребите на новите генерации се одржува на УЈИЕ
14 септември 2022„Посветени на успехот на студентите: Трансформација и развој на Универзитетот за задоволување на потребите на новите генерации”, е централната тема на традиционалната дводневна обука на академскиот и на административниот кадар, што се одржува на Универзитетот на Југоисточна Европа, денес и утре (14. и 15. септември 2022 година).
-
УЈИЕ и Светскиот совет за толеранција и мир потпишаа меморандум за соработка за обезбедување на магистерски студии по толеранција и мир
13 септември 2022Универзитетот на Југоисточна Европа и Светскиот совет за толеранција и мир (ССТМ), во понеделник (12. септември 2022 година), потпишаа Меморандум за соработка во областите од заеднички интерес.
-
EXPRESSION OF CONDOLENCE
12 септември 2022EXPRESSION OF CONDOLENCE
-
Бизнис и иновативниот центар обезбеди финансирање од 1,3 милиони евра за старт-ап компании и неповратни средства за жени претприемачи
7 септември 2022Центарот за бизнис и иновации, преку Технолошкиот парк на УЈИЕ, покрај можноста за започнување бизнис, на старт-ап фирмите од оваа година им се овозможува да привлечат инвестиции и да започнат со брз раст. Преку програмата „700 акцелератори“, 6 до 10 старт-ап компании, или тимови со иновативни идеи, ќе учествуваат во 100-дневната програма за обука, каде што на крајот од истата се очекува да добијат гранд од 40 илјади евра. . Исто така, корисниците на оваа програма ќе можат да повлечат инвестиции од други инвеститори, бизнис ангели, други компании итн.
-
TELEGRAM NGUSHËLLIMI
16 август 2022TELEGRAM NGUSHËLLIMI
-
Ректорот Беџети учествуваше во активноста по повод 30.годишнината од монетарното осамостојување на Република Северна Македонија
8 јули 2022Во рамките на активностите за одбележување 30. годишнината од монетарното осамостојување на Република Северна Македонија, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, учествуваше и имаше обраќање на изложбата на тема „В/редности и вредности“, која се одржа во четвртокот (07.07.2022 година), во музејот на Народната банка на Република Северна Македонија.
-
Институтот „Макс ван дер Штул“ на УЈИЕ инсталира сензори за мерење на квалитетот на воздухот во Тетово
30 јуни 2022Високото ниво на загаденост на воздухот во Северна Македонија, а особено во нејзините главни градови, како што се Скопје, Тетово и Битола, ја поттикна академската заедница на Универзитетот на Југоисточна Европа, чувствувајќи ја општествената одговорност, да преземе конкретни чекори во придонесот и обезбедувањето конкретни решенија за намалување на параметрите на загадувањето и зголемување на квалитетот на воздухот.
-
Студентите по архитектура и дизајн ја одржаа четвртата изложба со свои семестарски трудови
29 јуни 2022Студентите од прва и од втора година од Катедрата за архитектура и дизајн, денес (29.06.2022 год.) ја одржаа четвртата изложба, со свои дела реализирани во текот на изминатиов семестар.
-
Ректорот Беџети учествува на Преспа форумот за дијалог
17 јуни 2022Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, учествува на Преспа форумот за дијалог, кој се одржува од 16-18 јуни во Охрид.