Најнови информации
-
Клаус Тохтерман е избран за нов претседател на Oдборoт на Универзитетот на Југоисточна Европа
11 септември 2020Денес (11.09. 2020 год.) се одржа конститутивниот состанок на новиот состав на Одборот на Универзитетот на Југоисточна Европа. На овој состанок се потврди новото членство на Одборот на Универзитетот, кое се состои од седум члена.
-
УЈИЕ добитник на 11 грантови за истражување од ЕУ и од националните институции
3 септември 2020Универзитетот на Југоисточна Европа преку факултетите и Институтот за истражување „Макс ван дер Штул“, за периодот 2019-2020 година, успеа да биде дел од 11 грантови за истражување доделени од ЕУ, други меѓународни институции и национални институции.
-
Докторантот на УЈИЕ, Нухи Бесими за прв пат објавува научен труд во меѓународното реномирано научно списание „Микропроцесори и микросистеми“ со импакт фактор 1,6
28 август 2020Д-р Нухи Бесими, студент на докторски студии на Универзитетот на Југоисточна Европа го објави научниот труд насловен „Користење на дистрибуирани Raspberry PIs за овозможување на енергетски ефикасни алгоритми за машинско учење за препораки на научни трудови), во меѓународното научно списание Микропроцесори и микросистеми (MICPRO). Тој е единствениот студент на докторски студии на Факултетот за современи науки и технологии, кој објави научен труд со импакт фактор 1,61 (според Кларивејт аналитикс).
-
Алберие Џемаили, поранешен студент (алумни) од УЈИЕ избрана за аташе и претставник на младите во мрежата на млади Европски амбасадори
27 август 2020Алберие Џемаили е избрана за претставник на младите од Северна Македонија и Западен Балкан од мрежата на млади Европски амбасадори . Таа беше избрана за Европско младинско аташе со директно гласање на младите, каде беа избрани вкупно 10 млади од Северна Македонија, 5 аташеа и 5 амбасадори со тригодишен мандат.
-
УЈИЕ ќе ја започне новата академска година со хибриден систем на настава
27 август 2020Студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа во новата академска 2020-2021 година ќе ги следат предавањата на Кампусот, но ќе имаат и онлајн-предавања. Наставата ќе биде со хибриден систем, каде што 1/4 од наставата ќе биде онлајн за сите студенти во земјава и за оние кои живеат надвор од Северна Македонија. Другиот дел од наставата ќе се одвива со физичко присуство.
-
УЈИЕ и Општина Тетово одржуваат обука за наставниците за користење на ИКТ во време на пандемија
26 август 2020Придонесот за подобрување на квалитетот на воспитно-образовниот процес во основните и средните училишта е целта на тридневната обука на тема „Користење на ИКТ за поддршка на наставата и учењето во време на пандемија“, што започна денес (25.08.2020), во Универзитетот на Југоисточна Европа, Кампусот во Тетово.
-
Годишната обука на вработените на УЈИЕ се одржува според условите во време на пандемија
20 август 2020Универзитетот на Југоисточна Европа во новата академска 2020-2021 година ќе ја организира наставата со физичко присуство и онлајн. Ова го побраа студентите, изјави ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, во вториот дел од обуката на вработените на Универзитетот, на тема: Функционирање на Универзитетот во услови на пандемија: одржување на квалитетот, што се одржува од 19 до 21 август.
-
Факултетот за современи општествени науки на Универзитетот на Југоисточна Европа е добитник на грантот за понуда на програма на магистерски студии за Родово одговорно буџетирање
18 август 2020Факултетот за современи општествени науки на Универзитетот на Југоисточна Европа е добитник на грантот од Еразмус KA203- Стратегиско партнерство во високото образование.
-
Факултетот за современи науки и технологии добитник на грантот Зајакнување на науката преку СТЕМ образование
18 август 2020Факултетот за современи науки и технологии на Универзитетот на Југоисточна Европа е добитник на грантот на Еразмус KA201 (Стратегиско партнерство за училишно образование).
-
Зголемен интерес за запишување во УЈИЕ - Акредитирана архитектура и дизајн
10 август 2020На Универзитетот на Југоисточна Европа интересот на студентите да се запишат во студиски програми е доста задоволителен, велат од Студентската служба. Интерес за запишување има за сите студиски програми а особено за новите акредитирани програми.
-
Почина Агни Алиу професор при Факултет за современи општествени науки на УЈИЕ
8 август 2020Универзитетот на Југоисточна Европа ја информира јавноста дека денес, 08.08.2020 година, почина Агни Алиу, професор при Факултетот за современи општествени науки.
-
Универзитетот на Југоисточна Европа основа Младински ресурсен центар за целиот Полошки регион во Гостивар
28 јули 2020Универзитетот на Југоисточна Европа преку проект финансиран од Швајцарската агенција за соработка и развој и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Општина Гостивар, основа Младински ресурсен центар (МРЦ) во Гостивар за целиот Полошки регион.
-
Започна годишната обука на вработените во УЈИЕ
14 јули 2020„Функционирање на Универзитетот во услови на пандемија: одржување квалитет“ е темата на годишната обука Универзитетот на Југоисточна Европа, која започна денес (14. јули) со сесии пред обуката. Обуката ќе продолжи по летните одмори, на 19. август и ќе трае до 21 август.
-
Институтот „Макс ван дер Штул“ го доби проектот од Европската комисија за стратегиско партнерство во високото образование
14 јули 2020Институтот за научно истражување на Универзитетот на Југоисточна Европа - „Макс ван дер Штул“ го доби грантот на Европската комисија, во рамките на програмата „Еразмус +“ за стратегиско партнерство во високото образование. Овој грант беше доделен за реализација на проектот со акроним BRIDGE(Мост): Bridging Integrity in Higher Education Business, and Society (премостување на интегритетот во високото образование, бизнисот и општество) и ќе започне во септември годинава.
-
Ректорот Беџети испрати телеграма на сочувство по повод смртта на проф. д-р Хајрула Горани
8 јули 2020По повод смртта на проф. д-р Хајрула Горани, ректоот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, во свое име, и во име на Универзитетот и како поранешен студент испрати телеграма на сочувство до семејството на починатиот професор.
-
Библиотеката на УЈИЕ беше домаќин на тркалезната маса за меѓународни библиотекари
7 јули 2020Универзитетската библиотека „Макс ван дер Штул“ на Универзитетот на Југоисточна Европа беше домаќин на он-лајн тркалезната маса за „10 години искуство од поранешните студенти на програмата за посети на млади лидери“ на меѓународни библиотекари, која се одржа во сабота на 4. јули.
-
УЈИЕ во новата академска година со студиска програма за студентите кои сакаат да бидат архитекти
4 јули 2020Идните студенти на Универзитетот на Југоисточна Европа, за прв пат во новата академска година, ќе имаат можност да изберат да студираат Архитектура и дизајн и да се стекнат со квалификација Магистер на науки во архитектура и дизајн.
-
Донација на УЈИЕ и УСАИД за Црвениот крст
12 јуни 2020Донација на УЈИЕ и УСАИД за Црвениот крст
-
Последици од COVID-19 на едукативен систем: правната перспектива
4 јуни 2020Проф. д-р. Денис Фарингтон
-
Сенатот номинираше три нови членови за Одборот на Универзитетот
27 мај 2020Сенатот на Универзитетот на Југоисточна Европа на состанокот за физичко присуство, што се одржа во вторникот (26.05.2002), избра тројца нови членови, номинирани за Универзитетскиот одбор.