Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Меѓунардони односи (2023-2024)

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Современи Општествени Науки
Код на програмата: IR-240
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Дипломиран по меѓунардони односи
ЕКТС: 240 (4 години)
Решение:

Целта на студиската програма Меѓународни односи е да се запознаат студентите со основните принципи на политиката, организацијата и на функционирањето на државните и меѓународните институции, како и со политичките власти, политичката мисла и со теоретските прашања за управувањето. Во рамките на програмата се опишуваат и се идентификуваат гранките на законодавната, извршната и на судската власт; нивната интеракција во владеењето на правото и на функционалната демократија.

Главните цели на програмата се:

  • Студентите да стекнат теоретски знаења и разбирања за важноста на политичките процеси преку компаративниот политички пристап.
  • Да се оспособат студентите да учествуваат во различни нивоа на владиниот систем и јавниот живот и како политички аналитичари да бидат во можност да дадат свои видувања за политичките проблеми.
  • Да се подготват студентите за вреднување на политичките тенденции во општествово и државава, да го проценат нивното влијание врз евроинтеграциските процеси во државава и регионов.
  • Да се оспособат студентите за идентификување на потребите на интересите на групи и државни институции во рамките на политичкиот процес.
  • Да можат да преземат иницијатива за идентификување и за адресирање на потребите за учење за државните институции и јавната администрација. 
  • Да стекнат теоретски знаења за главните концепти на меѓународните односи, вклучувајќи ги: моќта, меѓународниот систем, рамнотежата на моќта, хегемонијата, конфликтот, соработката, интеграцијата, глобализацијата, меѓузависноста, режимите, глобализацијата, еднаквоста, правдата, одржливоста и меѓународната политичка економија
  • Да се идентификуваат клучните актери во меѓународните односи - вклучувајќи ги државите, меѓувладините организации, невладините организации, транснационалните корпорации, глобалното граѓанско општество и поединците. 
  • Да се стекнат сознанија за мултидисциплинарната природа на меѓународните односи преку воспоставување врски со дисциплини кои имаат облик и продолжуваат да влијаат врз меѓународните односи: политиката, економијата, општеството, културата, историјата, јазикот, расата, етничката припадност и др.

Со завршување на студиите во оваа програма студентите можат да се вработат во државните и локалните институции, меѓународни владини и невладини организации, јавните институции, политичките партии, непрофитабилни организации, претставништва на РСМ во странство.

Знаење и разбирање
  • Има основни знаења за функционирањето на државата во меѓународните односи, надворешната политика, националните институциите за меѓународна соработка и меѓународните институции. 
  • Има знаење за главните актери во меѓународните односи.
  • Ги разбира основните теории и претпоставки за различниот начини на гледање на светот, во различните области на меѓународните односи.
  • Ги разбира причините кои водат до несогласувања во врска со меѓународната политика.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Способен е да работи во институциите за меѓународно општење, односно да ги спроведе знаењата во исполнувањето на работните задачи во државните институции, меѓународните организации и невладините организации.
  • Покажува капацитет да ги преточи идеите во практика, односно да го разбере односот меѓу теоријата и креирањето политики во меѓународниот систем.
  • Може да помага при посредување и преговарање со внатрешни актери во меѓународните односи.
  • Може да применува теоретски знаења, да изврши истражувања на општествените појави и да развие кариера во академската област.
Способност за проценка
  • Има способност да размислува критички за меѓународните случувања, тековните меѓународни настани и процеси;
  • Анализира политички тенденции во општеството и државава и го оценува нивното влијание врз евро-интеграциските процеси во земјава;
  • Има способност да чита, разбира и анализира статии со различна сложеност на теми од меѓународните односи;
  • Ги разбира опциите и политичките капацитети што им се на располагање на државите и владите при одредени состојби во меѓународните односи.
Комуникациски вештини
  • Способен е да учествува во дебата и аргументирано да ги изнесе своите ставови околу некоја ситуација во меѓународните односи.
  • Покажува способност за тимска работа во државни институции со надлежности во меѓународните односи.
  • Може да комуницира со  меѓународни организации и со други актери во меѓународните односи.
  • Ги изразува своите ставови писмено или усно во однос на некој меѓународен настан
Вештини на учење
  • Може да преземе иницијатива за проучувањe нa меѓународните актери кои се активни во нашава земја.
  • Ги ​​препознава современите трендови и случувања во развиените земји и нивната улога во меѓународните односи.
  • Може да ги развие своите знаења и после завршување на предметот.
  • Може да реализира доживотно учење и самообразование во областа на меѓународните односи.

Семестар 1

  • [CPS-1011] [6 ЕКТС] Вовед во социологија
    Преку предметот „Вовед во социологија“ студентите треба да стекнат општи познавања околу општествените движења и промени. Станува збор за предмет во кој се обработуваат некои основни општествени движења, почнувајќи од оние со кои сите ние се соочуваме како граѓани и академски работници. На студентите им се става на располагање цел спектар на литература од домашни и странски автори со што ќе се овозможи проширување и развој на нивните знаења од областа на темите кои се предмет на анализа. Како посебни цели на овој предмет може да се истакнат: -Студентите да ги разберат основните социолошки концепции и теории. -Студентите да ја разберат научната рамка на социологијата. -Студентите да се оспособат да ги распознаат основните парадигми и правци во социологијата. -Студентите да создадат критичен став околу социологијата како динамичен систем. -Студентите да изградат личен и критичен став кон општествените интеракции на микрониво како и за нивната поврзаноста со општествената макроструктура. -Студентите да ги распознаат социјалните и културолошките аспекти на социјализацијата. -Студентите да изградат лично мислење околу глобализацијата и техничко-технолошкиот развој и нивното влијание врз современите општества.
  • [C2308] [6 ЕКТС] Општество и политика
    Овој предмет е вовед во изучувањето на општеството и политиката и ќе има за цел да ги запознае студентите со изучувањето на различните политички теории за интеракцијата на општеството со политиката, развојот на институциите, улогата на општеството за развој на институциите, влијанието на политиката на општествените промени, правата на граѓанинот во носењето на одлуки, партиципативниот модел во политиката и општествените предизвици во ехот на технолошкиот развој. Студентите ќе развијат знаења за политички теории за општество, политика, политичките системи и ќе можат да разликуваат значајните карактеристики.
  • [CPA-101] [6 ЕКТС] Вовед во јавна администрација
    Јавната администрација претставува област која е од посебен интерес за науката. Со предметот Вовед во јавната администрација студентите ќе стекнат знаења за основните концепти на јавната администрација. Посебен акцент ќе биде ставен врз евалвацијата на јавната администрација, како и врз реформите во оваа област во нашава земја. Студентите ќе имаат можност да се запознаат со оваа област и критички да ги анализираат развојот и појавите на јавната администрација. Бидејќи оваа област е предмет на постојани промени, посебно внимание ќе се посвети на новите теории, како и на класичните теории на јавната администрација. Предметот на истражување се: поими и основни знаења за принципите и за институциите на јавната администрација; улогата и значењето на јавната администрација во организираното општество; генезата и историскиот развој на јавната администрација; организациската структура на јавната администрација; функционирањето на институциите на јавната администрација; државните службеници; контролатa и одговорноста на ЈА, комуникациите во ЈА, јавната администрација како служба за одбрана и за реализација на човековите права итн.
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [ESS-01] Англиски јазик за општествени науки 1
    • [ESS-02] Англиски јазик за општествени науки 2
  • [6 ЕКТС] Изборен/Дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [EMOE-02] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација
    • [E2741] Основи на ИТ-хардвер и софтвер
    • [E2742] Вовед во сајбер безбедност

Семестар 2

  • [ECSS-03] [6 ЕКТС] Основи на социјална политика
    Цели на предметната програма: Да се добијат продлабочени сознанија за теоретската и идеолошката основа на социјалната политика, нејзиниот историски развој, актерите кои обезбедуваат мерки од социјална политика, како и знаења за специфичните политики во домените: вработување, плати, социјално осигурување, социјална заштита, образование и сл.
  • [C2309] [6 ЕКТС] Јавни политики и институции
    Цели на предметот: На крајот на семестарот студентите треба - да се здобијат со знаења за приоди кон јавна политика, улогата на институциите, процесот на креирање на политики, поими и дефиниции на јавна политика, како и вештини за анализа на јавни политики и критичко размислување; - да се запознаат за однесувањата на чинителите на политиките и нивното опкружување (политичко опкружување, официјални и неофицијално креатори на политика и нивоа на политиката); - Да ги спореди релaтивно добро структуираните, средно структуираните, и лошо структуираните проблеми - Да ги разбери ефектите на временските, на истористките и на институционалните контексти врз прогнозирачката прецисност - Искористи анализа на аргументите, табели, дијаграми на влијание и разгранување на одлуките за анализа на случај од јавната политика - Да ги оддели алтернативните форми на анализата на политиките - да бидат во можност да дефинираат и илустрираат “policy” проблемите, агендата, и формулациите на јавната политика и да развиваат развиваат вештини за имплементација и учинок на конкретната политика.
  • [C2310] [6 ЕКТС] Политичка економија
    Политичката економија ги истражува главните парадигми на општествените науки за анализа на односите меѓу државата, економијата и општеството. Ова е поинаква перспектива од она што ќе го научите на курсот по економија. Ќе дознаете што имаат да кажат политичките економисти за тоа како политиката и економијата се поврзани и како луѓето се засегнати од овој однос. Ќе стекнете разбирање за финансиските и економските кризи. Ќе научите за причините за кризите од економски, политички и психолошки аспекти.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [ESS-01] Англиски јазик за општествени науки 1
    • [ESS-02] Англиски јазик за општествени науки 2
  • [6 ЕКТС] Изборен/Дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [EMOE-02] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација
    • [E2741] Основи на ИТ-хардвер и софтвер
    • [E2742] Вовед во сајбер безбедност
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2

Семестар 3

  • [CPA103] [6 ЕКТС] Управно право и постапка
    Предмет на изучување се: принципите на организација, работа и делокруг на административните органи, основните дејности што ја сочинуваат управната функција, актите на административните органи и односот меѓу граѓаните и администрацијата. Целите на предметната програма се состојат во тоа студентите: - Да ги дефинираат и ги разберат поимите администрација и административна функција. - Да ја препознаат и да ја анализираат правната регулатива со која се уредуваат организацијата и функционирањето на јавната администрација во РСМ. - Да ги согледаат основните дејности на административната функција. - Да направат разграничување меѓу видовите акти на администрацијата и да ги совладаат првите чекори на создавање такви акти. - Да ги изучат видовите административен надзор. - Да ги спознаат механизмите на контрола над администрацијата и нејзината одговорност пред другите државни органи, но и пред своите клиенти - корисници на нејзините услуги. - Да стекнуваат способности и вештини за идно вработување во органите на администрацијата на РМ, невладините организации, установи и сите институции во кои се решаваат предмети од административно-правна природа.
  • [CPS-402] [6 ЕКТС] Меѓународни односи
    Преку овој предмет студентите се запознаваат со теоретските компоненти во меѓународните односи, клучните идеи и дебати во областа на меѓународните односи, а особено со основните концепти, актерите во меѓународните односи, надворешната политика, моќта во меѓународните односи. Предавањата исто така ќе бидат фокусирани на меѓународната политичка економија и политиката на глобална благосостојба, постојните и идните проблеми во меѓународниот систем, вклучувајќи ги и вооружените конфликти, економијата, демографијата и животната средина.
  • [C2311] [6 ЕКТС] Менаџмент во јавниот сектор
    Студентите ќе можат да ги препознаваат фундаменталните аспекти на јавниот менаџмент како научна област и како професија и ќе можат да направат анализа на активностите на владата од правна, менаџерска и од политичка перспектива.
  • [C2312] [6 ЕКТС] Статистика за оштествени науки
    Главна цел на овој предмет е да се овозможи студентите да стекнат основни знаења за основните статистички методи и за нивна примена со цел следење на професионалната литература, за да можат концизно да се изнесат резултатите и заклучоците од извршените истражувања. Главни аспекти на изучувањето на овој предмет се: одредување на дисциплините, поврзување на податоците, статистичка анализа, статистичка примена на методи на полето на хуманитарните науки, демонстрирање на статистичките податоци и претставување на односот меѓу статистиката и другите науки.
  • [C2069] [3 ЕКТС] Усна комуникација
    Цели на предметот се студентите: - Да развиваат вештини за вербална комуникација. - Да се во можност да се вклучат активно во дискусија за одредена тема. - Да ги совладаат техниките за успешна комуникација. - Да го изразуваат своето критичко мислење за одредени теми. - Да ги применуваат усвоените техники во својата професионална кариера.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [ESS-01] Англиски јазик за општествени науки 1
    • [ESS-02] Англиски јазик за општествени науки 2

Семестар 4

  • [C2070] [3 ЕКТС] Писмена комуникација
    Цели на предметот се студентите: - Да стекнат сознанија за процесот на пишувањето (фази при создавање текст). - Да ги усвојат стандардните јазични норми. - Да постигнат академско ниво за писмено изразување на албански, македонски или англиски јазик со што ќе се применуваат претходно стекнатите знаења за стандардниот јазик. - Да се поттикне мотивацијата на студентите за писмено изразување независно од видовите и формите на текстот. - Да ги усвојат критериумите на текстуалноста, кои се клучни за еден текст. - Да стекнат вештини за пребарување материјали (библиотечни и онлајн-ресурси)
  • [C2313] [6 ЕКТС] Политички системи
    Основна цел на предметот е студентите да стекнат: знаења околу функционирањето на политичките системи кои се среќаваат денес ширум светот, опфаќајќи ги тука не само оние политички системи кои се сметаат како демократски, знаења за основните теории и концепции за политичките системи, но истовремено да се запознаат и со практичното функционирање на повеќе политички системи во светски рамки. Од овој аспект гледано, како основни посебни цели на овој предмет може да се наведат следниве: -Студентите да се запознаат со политичките системи од аспект на нивниот поим, специфичности и историски развој. -Студентите да стекнат основни знаења околу главните теории и концепции за политичките системи. -Студентите да се запознаат со основните пристапи кон класификација на политичките системи. -Студентите да се оспособат да ги распознаат спецификите на одделни политички системи.
  • [CPMPP-04] [6 ЕКТС] Систем на административни службеници на РСМ
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење и вештини за да ги анализираат факторите кои влијаат врз поведението на државните службеници и за механизмите за подобрување на ефективноста на државната служба и отчетноста спрема јавноста.
  • [EPA-401] [6 ЕКТС] Социјална и трудова економија
    Економија на трудот се фокусира на економијата на пазарот на трудот. Опфаќа определување на понудата и побарувачката на пазарот на трудот, определување на плати и разлики во платите, инвестиции во човечки капитал, вработување и невработеност. Целта е да се работи со студии на случај на пазарот на трудот во земјите во транзиција.
  • [CIR-06] [6 ЕКТС] Европски интеграции
    Целта на предметот е да се продлабочат знаењата на студентите за европската интеграција. Курсот се занимава со низа клучни контроверзии поврзани со ЕУ, од раните денови на интеграцијата до временските кризи, како и тековните предизвици. За правилно следење на курсот, студентите мора да поседуваат основни познавања од Европската Унија. Основната цел на овој предмет е студентите да стекнат аналитички вештини, да ја разберат и објективно да ја оценат сложената мешавина на појави што ја сочинуваат европската интеграција и политиката. Целта на курсот е да им овозможи на студентите да ги анализираат политиките на Европската Унија, да ги опишат нивните главни карактеристики.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [ESS-01] Англиски јазик за општествени науки 1
    • [ESS-02] Англиски јазик за општествени науки 2

Семестар 5

  • [C2314] [6 ЕКТС] Локална управа
    Студентите треба да стекнат и основни знаења, но и поспецијализирани знаења во врска со организирањето и со функционирањето на локалната самоуправа. Исто така треба да стекнат и сознанија за односот на локалната и централната власт и за основните принципи на локалната самоуправа во државите со традиционална локална самоуправа, во државите на Југоисточна Европа и во Република Сецерна Македонија. Цел на изучување на овој предмет е студентите да бидат подготвени на потребното ниво за да можат да ги завршат своите обврските целосно и одговорно.
  • [CPS-201] [6 ЕКТС] Социјална психологија
    Темите за дискусија вклучуваат: перцепција на личноста, согласување, формирање ставови, оценување и промена, предрасуди, агресивност, социјално учење, групна динамика, социјалната психологија и општеството и правна и организациска апликација
  • [CPA-401] [6 ЕКТС] Институции и политики на ЕУ
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со комплексната природа на феномените кои ја сочинуваат европската интергација, европските институциите и политиките. Првиот дел на овој предмет се однесува на развојот на институциите, процесот на донесување одлуки и на улогата на главните актери, додека вториот дел се однесува на политиките на ЕУ. Исто така, преку овој предемет студентите стекниваат сознанија за главните теоретски интерпретации и за развојот на ЕУ. Притоа ги согледуваат сегашните и идните предизвици со кои се соочува ЕУ во однос на нејзините институции и политики.
  • [6 ЕКТС] Изборен од друга единица
    • [CPA-101] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [CLE-101] Вовед во право
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [C2298] Трудово право
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
    • [CLE-203] Правно пишување и образложување
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2531] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
    • [E2739] Етика во јавни институции
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)

Семестар 6

  • [CMPA03] [6 ЕКТС] Компаративнa јавнa aдминистрација
    Преку овој предмет студентите ќе стекнат знаења за основните карактеристики на јавната администрација во разни држави. Основна цел е да се истражуваат видовите како форми на дејствување на институциите на јавната администрација во разни општества, со цел студентите да стекнат нови знаења. Преку овој предмет, студентите ќе бидат запознати со значењето на јавната администрација во различни држави, преку запознавање со различните организациски административни системи на државите. Исто така, на студентите ќе им биде овозможено да ги разберат организациската структура и функционирањето на институциите извршно-административно, но и на другите форми и институции на јавната администрација. Ова знаење за студентите е значајно особено во однос на глобализацијата и на важноста на интеграцијата.
  • [CPMPP-05] [6 ЕКТС] Буџетирање и јавни финансии
    Опремување на студентите со знаење за јавните добра и трошоци за нивното обезбедување, екстерни ефекти, прераспределба на социјалниот доход, распределба и прераспределба на приходите, социјалното осигурување и трошоците за нив, анализа на трошоци и придобивки, систем на социјални приходи, систем на даноци и нивната структура, компаративни аспекти на јавните финансии во развиените земји и во оние во транзиција, спецификите на фискалниот систем на Северна Македонија, нејзините трендови и предизвици, фискалната децентрализација, итн.
  • [CPA-6033] [6 ЕКТС] Квалитативни и квантитативни методи во општествените науки
    Во рамките на предметот се опфатени два општи приода кон анализа на податоците, имено квантитативна и квалитативна. Во однос на квантитативна анализа се фокусира на употреба на статистичката анализа, а во квалитативна анализа се дефинираат оние пристапи во кои не се вклучени квантитативните пристапи - или пристапи кои не користат нумеричка манипулација. Ќе биде анализирано и преку студии на случај ќе се презентираат методите на истражување, деловите на општественото научно истражување, приодите за истражувачки дизајн, спроведување емпириски дизајн како и мултиваријабилна анализа.
  • [6 ЕКТС] Изборен од друга единица
    • [CPA-101] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [CLE-101] Вовед во право
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [C2298] Трудово право
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
    • [CLE-203] Правно пишување и образложување
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2531] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
    • [E2739] Етика во јавни институции
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)

Семестар 7

  • [CIR-08] [6 ЕКТС] Јавна дипломатија
    Предметот се занимава не само со дефинирање на надворешната политика, дипломатијата и нивните разлики и врски, туку се фокусира на различни видови дипломатија, запознавајќи ги студентите со знаење за донесување одлуки и модели на акција од областа на дипломатијата. Истражување на фазите на историски и современ развој на дипломатијата, видови на дипломатија, методи, алатки и форми на дипломатија, дипломатско право (со посебен акцент на принципите и прашањата на Виенската меѓународна конвенција за дипломатски односи) итн. Курсот исто така има за цел да се развие на одредено ниво и во рамките на практичните часови на студентите практични вештини од областа на дипломатијата за време на организацијата на дипломатската мисија и извршувањето на надворешно-политичките улоги. Во оваа насока, од студентите се очекува да бидат обучени, информирани и поблиску да разбираат за функционирањето на дипломатската мисија, дипломатската служба, должностите и привилегиите на дипломатот итн.
  • [EM509] [6 ЕКТС] Меѓународна политичка економија
    Овој предмет ги истражува главните интереси и институции и испитува како државните и недржавните актери го следат богатството и моќта. Нагласувајќи ги фундаменталните економски концепти, како и интеракцијата помеѓу домашната и меѓународната политика, Меѓународна Политичка Економија не само што објаснува како функционира глобалната економија, туку и ги поттикнува студентите да размислуваат критички за тоа како се прави економската политика во контекст на глобализацијата.
  • [DP0102] [6 ЕКТС] Меѓународно јавно право
    Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со базичните концепти на меѓународното јавно право, честопати идентификувано со меѓународното право воопшто, кое своите основи ги добива во седумнаесеттиот век, како право на нациите, за што сведочи и името на денес најзначајната универзална организација - Обединетите нации. Ќе се запознаат со современото меѓународно јавно право, кое ги уредува односите меѓу држави, меѓу држави и меѓународни организации, меѓусебните односи на меѓународните организации и однесувањата на физичките и на правни лица за кои државите и меѓународните организации сметаат дека се важни за меѓународната заедница.
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет (од насоката)

Семестар 8

  • [EPS7020] [6 ЕКТС] Евро-атланстките институции за безбедност
    Предметот е дизајниран како преглед и толкување на генезата на основните концепти и институционалните механизми за безбедност на државите членки и партнери на Северно атланскиот сојуз, со посебен осврт на , САД и ЕУ, по престанокот на на студената војна, со посебен акцент на Европската унија и нејзините земји членки. Целите се: воведување на студентите во современите развој на безбедносни концепти, во сложените односи на САД и нејзините европски партнери по 1989 година; обидите на ЕУ за градење на сопствен идентитет и решавањето на дилемите на (не) независни безбедносна политика за безбедност; објаснување на сомнежите и разликите меѓу членките на ЕУ во врска со капацитетите и придобивките од развојот и спроведувањето на самостојна безбедносна политика; преглед на досегашните резултати и проблеми во практичната примена на Заедничката надворешна и безбедносна политика, прашањата во однос на поврзаноста на безбедносните концепти на евроатлантските со безбедноста на Југоисточна Европа.
  • [EMDP-01] [6 ЕКТС] Меѓународен бизнис
    Овој предмет е наменет за не бизнис смер, каде што студентите треба да добијат основно разбирање за глобалната деловна средина. Предметот го истражува односот на владата и бизнисот преку границите и економската динамика меѓу земјите / регионите, вклучувајќи го меѓународниот монетарен систем, меѓународната трговија и странските директни инвестиции. Студентите ќе ја анализираат стратегијата на меѓународен бизнис и анализа на неколку студии на случаи кои вклучуваат прашањата од денешниот глобален свет. Во принцип, од главните теми на глобалниот бизнис студентите треба да добијат основно ниво на знаење и вештини кои се вклучени во денешниот глобален бизнис.
  • [C2316] [6 ЕКТС] Надворешна политика
    Во овој предмет преку анализа на трудови објавени во однос на надворешната политика студентите ќе се оспособат за тоа како надворешно-политички средства можат да се применат во конкретна студија на случај. Се очекува студентите да можат критички да размислуваат во однос на надворешно-политичките методи кои ги преземаат државите и меѓународните организации, како и нивната поврзаност со дипломатските методи.
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет (од насоката)
Google+