Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Јавен менаџмент и јавни политики (2023-2024)

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Современи Општествени Науки
Код на програмата: PMPP-240
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Дипломиран по jавен менаџмент и јавни политики
ЕКТС: 240 (4 години)
Решение:

Студиската програмата Јавен менаџмент и јавни политики има мултидисциплинарен пристап кон главните елементи на студирање во областа на јавниот менаџмент, менаџирањето, правото и во областа на социоекономските науки. Во рамките на програмата се опишуваат и се идентификуваат основните концепти, начелата, административните и законските процеси, теориите во јавната администрација, како што се оние поврзани со човечкото и институционалното однесување, процесот на јавните политики, економијата во јавниот сектор и менаџирањето на јавните и непрофитабилните организации.

Главни цели на програмата да се подготват студентите за:

  • Подготвување административни документи, планирање и координација на меѓуинституционалната работа, архивирање, регистрација на управни предмети преку употреба на информацискиот систем.
  • Примена на професионални знаења во исполнувањето на работните задачи во институциите на државата и на јавната администрација, невладиниот сектор и во приватните организации.
  • Да менаџираат со институции од јавен сектор.
  • Да развијат критичко мислење за работата на државата и јавните институции во случај на кршење на административните правила, бирократијата и нетранспарентноста. 
  • Да бидат оспособени аналитички да ја развијат улогата на државата и јавната администрација во последниве децении во Република Северна Македонија и во државите во регионов.
  • Да ги распознаваат современите трендови и дејствувања во државата во јавните институции и јавното менаџирање во земјите во развој и во развиените земји.
  • Да можат да преземаат иницијатива за идентификување и за адресирање на потребите за учење за државните институции и јавната администрација.
  • Да развијат компетенции и вештини за стратешко планирање, акциони планови, пишување на апликации за предлог-проекти, евалуација на проектите.
  • Да развијат компетенции и вештини за проектен менаџмент и финансирање на секторот на НВО . 

Согласно националната рамка за професии, со завршување на студиите во оваа програма студентите можат да се вработат во државната администрација согласно Законот за административни службеници и да менаџираат со институции во јавниот сектор, паралелно нашите дипломирани добиваат компетенции и вештини за работа и управување со организации во невладиниот сектор.

Знаење и разбирање
  • Има мултидисиплинарни знаења и разбирање на главните елементи на студирање во областа на јавната администрација и менаџирањето, правото, социоекономските науки.
  • Ги опишува и ги идентификува основните концепти, начелата, административните и законските процеси, теориите во јавната администрација, како што се оние поврзани со човечкото и институционално однесување, процесот на јавните политики, економијата во јавниот сектор и менаџирањето на јавните и невладините организации.
  • Ги разбира различните системи на јавната администрација – државната администрација, јавното менаџирање и интеракцијата на политичките институции и процеси, владините и административни политики.
  • Има знаења за процесите на интеграција во Европската унија од јавната и државната администрација и за институционалните аспекти.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Да ги применува сознанијата кои се однесуваат на комплексната работа на државата и јавната администрација и да применува соодветни правила и процедури.
  • Да работи како државен службеник и административен службеник во нормативните и административните работи.
  • Да менаџира институции од јавен и невладин сектор.
  • Може да демонстрира способност да подготвува административни документи, да помага во планирањето и координацијата на меѓуинституционалната работа, архивирањето, регистрацијата на управни предмети преку употреба на информацискиот систем.
  • Апликација на финансискиот јавен менаџмент.
  • Може да пишува проекти и да евалуира проекти во јавен сектор и во невладин сектор.
  • Да применува професионални знаења во исполнувањето на работните задачи во институциите на државата и на јавната администрација, во приватните организации и во граѓанскиот сектор.
Способност за проценка
  • Има способност да размислува критички и активно да се вклучува во тековните политичките прашања на централно и на локално ниво.
  • Квалитативна анализа на процесот на јавни проекти.
  • Оценување на влијанието на проектите врз заедницата.
  • Процена  на проекти во невладиниот сектор.
  • Ги разликува различните феномени поврзани со политичката култура на одредена заедница.
  • Критичкиги споредуваполитичкитетенденциивоопштествово и државава и гоценинивнотовлијаниеврзевроинтеграцискитепроцесивоземјава.
Комуникациски вештини
  • Во состојба е да учествува во дебата, да посредува при преговори, обезбедувајќи аргументирана анализа за политичкиот дискурс.
  • Поседува кохерентна способност за пишување на административни акти, предлог-проекти, анализи, концепти.
  • Покажува способност за професионална комуникација со повеќемина во тимска атмосфера и преку инклузивен пристап.
Вештини на учење
  • Може да дефинира и да ја утврди улогата на политиката за општество базирано на знаења.
  • Може да преземе иницијатива за идентификувањe нa интересите на групи и држaвни институции во рамките на процесот на јавни политики.
  • Има вештини да спроведе доживотно учење и самоедукација во областа на политички науки.
  • Способен е да ги обучува граѓаните за институциите во јавниот сектор и за демократското општество како и за невладиниот сектор.

Семестар 1

  • [CPS-1011] [6 ЕКТС] Вовед во социологија
    Преку предметот „Вовед во социологија“ студентите треба да стекнат општи познавања околу општествените движења и промени. Станува збор за предмет во кој се обработуваат некои основни општествени движења, почнувајќи од оние со кои сите ние се соочуваме како граѓани и академски работници. На студентите им се става на располагање цел спектар на литература од домашни и од странски автори со што ќе се овозможи проширување и развој на нивните знаења од областа на темите кои се предмет на анализа. Како посебни цели на овој предмет може да се истакнат: -Студентите да ги разберат основните социолошки концепции и теории. -Студентите да ја разберат научната рамка на социологијата. -Студентите да се оспособат да ги распознаат основните парадигми и правци во социологијата. -Студентите да создадат критички став околу социологијата како динамичен систем. -Студентите да изградат личен и критички став кон општествените интеракции на микро ниво како и за нивната поврзаност со општествената макроструктура. -Студентите да ги распознаат социјалните и културолошките аспекти на социјализацијата. -Студентите да изградат лично мислење околу глобализацијата и техничко-технолошкиот развој и нивното влијание врз современите општества.
  • [C2308] [6 ЕКТС] Општество и политика
    Овој предмет е вовед во изучувањето на општеството и политиката и ќе има за цел студентите да се запознаат со изучувањето на различните политички теории за интеракцијата на општеството со политиката, развојот на институциите, улогата на општеството за развој на институциите, влијанието на политиката на општествените промени, правата на граѓанинот во носењето одлуки, партиципативниот модел во политиката и општествените предизвици во ерата на технолошкиот развој. Студентите ќе развијат знаења за политичките теории за општество, политиката, политичките системи и ќе можат да ги разликуваат значајните карактеристики.
  • [CPA-101] [6 ЕКТС] Вовед во јавна администрација
    Јавната администрација претставува област која е од посебен интерес за науката. Со предметот Вовед во јавната администрација студентите ќе стекнат знаења за основните концепти на јавната администрација. Посебен акцент ќе биде ставен врз евалуацијата на јавната администрација, како и врз реформите во оваа област во нашава земја. Студентите ќе имаат можност да се запознаат со оваа област и критички да ги анализираат развојот и појавите на јавната администрација. Бидејќи оваа област е предмет на постојани промени, посебно внимание ќе се посвети на новите теории, како и на класичните теории на јавната администрација. Предметот на истражување се: поими и основни знаења за принципите и за институциите на јавната администрација; улогата и значењето на јавната администрација во организираното општество; генезата и историскиот развој на јавната администрација; организациската структура на јавната администрација; функционирањето на институциите на јавната администрација; државните службеници; контролатa и одговорноста на ЈА, комуникациите во ЈА, јавната администрација како служба за одбрана и за реализација на човековите права итн.
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2533] Англиски јазик 3
    • [E2534] Англиски јазик 4
    • [E2535] Англиски јазик 5
    • [ESS-01] Англиски јазик за општествени науки 1
    • [ESS-02] Англиски јазик за општествени науки 2
  • [6 ЕКТС] Изборен/Дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [EMOE-02] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација
    • [E2741] Основи на ИТ-хардвер и софтвер
    • [E2742] Вовед во сајбер безбедност

Семестар 2

  • [ECSS-03] [6 ЕКТС] Основи на социјална политика
    Цели на предметната програма: Студентите да добијат продлабочени сознанија за теоретската и идеолошката основа на социјалната политика, нејзиниот историски развој, актерите кои обезбедуваат мерки од социјална политика, како и знаења за специфичните политики во домените: вработување, плати, социјално осигурување, социјална заштита, образование и сл.
  • [C2309] [6 ЕКТС] Јавни политики и институции
    Цели на предметот: На крајот на семестарот студентите треба: -Да се здобијат со знаења за приоди кон јавна политика, улогата на институциите, процесот на креирање политики, поими и дефиниции на јавна политика, како и вештини за анализа на јавни политики и критичко размислување; -Да се запознаат за однесувањата на чинителите на политиките и нивното опкружување (политичко опкружување, официјални и неофицијални креатори на политика и нивоа на политиката); -Да ги споредат релативно добро структурираните, средно структурираните и лошо структурираните проблеми; -Да ги разберат ефектите на временските, на историските и на институционалните контексти врз прецизноста на прогнозирање; -Да искористи анализа на аргументите, табели, дијаграми на влијание и разгранување на одлуките за анализа на случај од јавната политика; -Да ги оддели алтернативните форми на анализата на политиките -Да бидат во можност да дефинираат и илустрираат проблемите на политиката, агендата, и формулациите на јавната политика и да развиваат вештини за имплементација и резултат на конкретната политика.
  • [C2310] [6 ЕКТС] Политичка економија
    Политичката економија ги истражува главните парадигми на општествените науки за анализа на односите меѓу државата, економијата и општеството. Ова е поинаква перспектива од она што ќе го научите во рамките на предметот економија. Ќе дознаете што имаат да кажат политичките економисти за тоа како политиката и економијата се поврзани и како луѓето се засегнати од овој однос. Ќе стекнете разбирање за финансиските и економските кризи. Ќе научите за причините за кризите од економски, политички и психолошки аспекти.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2533] Англиски јазик 3
    • [E2534] Англиски јазик 4
    • [E2535] Англиски јазик 5
    • [ESS-01] Англиски јазик за општествени науки 1
    • [ESS-02] Англиски јазик за општествени науки 2
  • [6 ЕКТС] Изборен/Дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [EMOE-02] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација
    • [E2741] Основи на ИТ-хардвер и софтвер
    • [E2742] Вовед во сајбер безбедност
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2

Семестар 3

  • [CPA103] [6 ЕКТС] Управно право и постапка
    Предмет на изучување се: принципите на организација, работа и делокруг на административните органи, основните дејности што ја сочинуваат управната функција, актите на административните органи и односот меѓу граѓаните и администрацијата. Целите на предметната програма се состојат во тоа студентите: -Да ги дефинираат и ги разберат поимите администрација и административна функција. -Да ја препознаат и да ја анализираат правната регулатива со која се уредуваат организацијата и функционирањето на јавната администрација во РСМ. -Да ги согледаат основните дејности на административната функција. -Да направат разграничување меѓу видовите акти на администрацијата и да ги совладаат првите чекори на создавање такви акти. -Да ги изучат видовите административен надзор. -Да ги спознаат механизмите на контрола над администрацијата и нејзината одговорност пред другите државни органи, но и пред своите клиенти - корисници на нејзините услуги. -Да стекнат способности и вештини за идно вработување во органите на администрацијата на РСМ, невладините организации, установи и сите институции во кои се решаваат предмети од административно-правна природа.
  • [CPS-402] [6 ЕКТС] Меѓународни односи
    Преку овој предмет студентите се запознаваат со теоретските компоненти во меѓународните односи, клучните идеи и дебати во областа на меѓународните односи, а особено со основните концепти, актерите во меѓународните односи, надворешната политика, моќта во меѓународните односи. Предавањата, исто така, ќе бидат фокусирани на меѓународната политичка економија и политиката на глобална благосостојба, постојните и идните проблеми во меѓународниот систем, вклучувајќи ги и вооружените конфликти, економијата, демографијата и животната средина.
  • [C2311] [6 ЕКТС] Менаџмент во јавниот сектор
    Студентите ќе можат да ги препознаваат фундаменталните аспекти на јавниот менаџмент како научна област и како професија и ќе можат да направат анализа на активностите на владата од правна, менаџерска и од политичка перспектива.
  • [C2312] [6 ЕКТС] Статистика за оштествени науки
    Главна цел на овој предмет е да се овозможи студентите да стекнат основни знаења за основните статистички методи и за нивна примена со цел следење на професионалната литература, за да можат концизно да се изнесат резултатите и заклучоците од извршените истражувања. Главни аспекти на изучувањето на овој предмет се: одредување на дисциплините, поврзување на податоците, статистичка анализа, статистичка примена на методи на полето на хуманитарните науки, демонстрирање на статистичките податоци и претставување на односот меѓу статистиката и другите науки.
  • [C2069] [3 ЕКТС] Усна комуникација
    Цели на предметот се студентите: - Да развиваат вештини за вербална комуникација. - Да се во можност да се вклучат активно во дискусија за одредена тема. - Да ги совладаат техниките за успешна комуникација. - Да го изразуваат своето критичко мислење за одредени теми. - Да ги применуваат усвоените техники во својата професионална кариера.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2533] Англиски јазик 3
    • [E2534] Англиски јазик 4
    • [E2535] Англиски јазик 5
    • [ESS-01] Англиски јазик за општествени науки 1
    • [ESS-02] Англиски јазик за општествени науки 2

Семестар 4

  • [C2070] [3 ЕКТС] Писмена комуникација
    Цели на предметот се студентите: -Да стекнат сознанија за процесот на пишувањето (фази при креирање текст). -Да ги усвојат стандардните јазични норми. -Да постигнат академско ниво за писмено изразување на албански, на македонски или на англиски јазик со што ќе се применуваат претходно стекнатите знаења за стандардниот јазик. -Да се поттикне мотивацијата на студентите за писмено изразување независно од видовите и формите на текстот. -Да ги усвојат критериумите на текстуалноста, кои се клучни за еден текст. -Да стекнат вештини за пребарување материјали (библиотечни и онлајн-ресурси).
  • [C2313] [6 ЕКТС] Политички системи
    Основна цел на предметот е студентите да стекнат знаења околу функционирањето на политичките системи кои се среќаваат денес ширум светот, опфаќајќи ги тука не само оние политички системи кои се сметаат како демократски, знаења за основните теории и концепции за политичките системи, но истовремено и да се запознаат и со практичното функционирање на повеќе политички системи во светски рамки. Од овој аспект гледано, како основни посебни цели на овој предмет може да се наведат следниве: -Студентите да се запознаат со политичките системи од аспект на нивниот поим, специфичности и историски развој. -Студентите да стекнат основни знаења околу главните теории и концепции за политичките системи. -Студентите да се запознаат со основните пристапи кон класификација на политичките системи. -Студентите да се оспособат да ги распознаат спецификите на одделни политички системи.
  • [CPMPP-04] [6 ЕКТС] Систем на административни службеници на РСМ
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаења и вештини за да ги анализираат факторите кои влијаат врз поведението на државните службеници и за механизмите за подобрување на ефективноста на државната служба и отчетноста кон јавноста.
  • [EPA-401] [6 ЕКТС] Социјална и трудова економија
    Економија на трудот се фокусира на економијата на пазарот на трудот. Опфаќа определување на понудата и побарувачката на пазарот на трудот, определување на плати и разлики во платите, инвестиции во човечки капитал, вработување и невработеност. Целта е да се работи со студии на случај на пазарот на трудот во земјите во транзиција.
  • [CIR-06] [6 ЕКТС] Европски интеграции
    Целта на предметот е да се продлабочат знаењата на студентите за европската интеграција. Во рамките на предметот се упатуваат низа клучни контроверзии поврзани со ЕУ, од раните денови на интеграцијата до временските кризи, како и тековните предизвици. За правилно следење на предметот, студентите мора да поседуваат основни познавања од Европската Унија. Основната цел на овој предмет е студентите да стекнат аналитички вештини, да ја разберат и објективно да ја оценат сложената комбинација на појави што ја сочинуваат европската интеграција и политиката. Целта на предметот е да им овозможи на студентите да ги анализираат политиките на Европската Унија и да ги опишат нивните главни карактеристики.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2533] Англиски јазик 3
    • [E2534] Англиски јазик 4
    • [E2535] Англиски јазик 5
    • [ESS-01] Англиски јазик за општествени науки 1
    • [ESS-02] Англиски јазик за општествени науки 2

Семестар 5

  • [C2314] [6 ЕКТС] Локална управа
    Студентите треба да стекнат и основни знаења, но и поспецијализирани знаења во врска со организирањето и со функционирањето на локалната самоуправа. Исто така треба да стекнат и сознанија за односот на локалната и централната власт и за основните принципи на локалната самоуправа во државите со традиционална локална самоуправа, во државите на Југоисточна Европа и во Република Северна Македонија. Цел на изучување на овој предмет е да се подготват студентите на потребното ниво за да можат да ги извршуваат своите обврски целосно и одговорно.
  • [CPS-201] [6 ЕКТС] Социјална психологија
    Темите за дискусија вклучуваат: перцепција на личноста, согласување, формирање ставови, оценување и промена, предрасуди, агресивност, социјално учење, групна динамика, социјалната психологија и општеството и правна и организациска апликација.
  • [CPA-401] [6 ЕКТС] Институции и политики на ЕУ
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со комплексната природа на феномените кои ја сочинуваат европската интеграција, европските институции и политиките. Првиот дел од овој предмет го покрива развојот на институциите, процесот на донесување одлуки и на улогата на главните актери, додека во вториот дел се обработуваат политиките на ЕУ. Исто така, преку овој предмет студентите стекнуваат сознанија за главните теоретски интерпретации и за развојот на ЕУ. Притоа ги согледуваат сегашните и идните предизвици со кои се соочува ЕУ во однос на нејзините институции и политики.
  • [6 ЕКТС] Изборен од друга единица
    • [CPA-101] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [CLE-101] Вовед во право
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [C2298] Трудово право
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
    • [CLE-203] Правно пишување и образложување
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
    • [E2739] Етика во јавни институции
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
    • [E2740] Управување на проектен циклус
    • [ELSP4070] Социјален менаџмент
    • [EM483] Евалуација на јавни политики: теории, модели и процеси
    • [EPA-403] Номотехника

Семестар 6

  • [CMPA03] [6 ЕКТС] Компаративнa јавнa aдминистрација
    Преку овој предмет студентите ќе стекнат знаења за основните карактеристики на јавната администрација во разни држави. Основна цел е да се истражуваат видовите како форми на дејствување на институциите на јавната администрација во разни општества, со цел студентите да стекнат нови знаења. Преку овој предмет, студентите ќе се запознаат со значењето на јавната администрација во различни држави, преку запознавање со различните организациски административни системи на државите. Исто така, на студентите ќе им биде овозможено да ги разберат организациската структура и функционирањето на институциите извршно-административно, но и на другите форми и институции на јавната администрација. Ова знаење за студентите е значајно особено во однос на глобализацијата и на важноста на интеграцијата.
  • [CPMPP-04] [6 ЕКТС] Буџетирање и јавни финансии
    Опремување на студентите со знаење за јавните добра и трошоци за нивното обезбедување, екстерни ефекти, прераспределба на социјалниот доход, распределба и прераспределба на приходите, социјалното осигурување и трошоците за нив, анализа на трошоци и придобивки, систем на социјални приходи, систем на даноци и нивната структура, компаративни аспекти на јавните финансии во развиените земји и во оние во транзиција, спецификите на фискалниот систем на Северна Македонија, неговите трендови и предизвици, фискалната децентрализација, итн.
  • [CPA-6033] [6 ЕКТС] Квалитативни и квантитативни методи во општествените науки
    Во рамките на предметот се опфатени два општи приоди кон анализа на податоците, имено квантитативна и квалитативна. Во однос на квантитативна анализа се фокусира на употреба на статистичката анализа, а во квалитативна анализа се дефинираат оние пристапи во кои не се вклучени квантитативните пристапи - или пристапи кои не користат нумеричка манипулација. Ќе направат анализи и преку студии на случај ќе се презентираат методите на истражување, деловите на општественото научно истражување, приодите за истражувачки дизајн, спроведување емпириски дизајн како и мултиваријабилна анализа.
  • [6 ЕКТС] Изборен од друга единица
    • [CPA-101] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [CLE-101] Вовед во право
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [C2298] Трудово право
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
    • [CLE-203] Правно пишување и образложување
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
    • [E2739] Етика во јавни институции
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
    • [E2740] Управување на проектен циклус
    • [ELSP4070] Социјален менаџмент
    • [EM483] Евалуација на јавни политики: теории, модели и процеси
    • [EPA-403] Номотехника

Семестар 7

  • [CPA6040] [6 ЕКТС] Вештини за менаџирање со канцелариски работи
    Студентите треба да стекнат основни знаења во врска со ефикасно организирање и функционирање на канцелариското работење во државните органи, локалните органи и во разни институции и претпријатија. Целта на изучувањето на овој предмет е студентите да бидат подготвени на потребно ниво за да можат да ги завршат обврските целосно на ефикасен и одговорен начин. Добиените и стекнатите знаења по овој предмет на студентите ќе им го олеснат совладувањето на нивните работни задачи во јавната администрација.
  • [CPMPP-08] [6 ЕКТС] Добро владење и општествена одговорност
    Преку овој предмет студентите ќе стекнат знаења за основните карактеристики на доброто владеење во институциите на Европската унија. Притоа систематски ќе бидат анализирани Европската унија и проектот на економска и политичка интеграција на Европа. Предавањата ќе се осврнат на анализа на институциите и политиките на интеграција во Европа. Во текот на семестарот студентите ќе ги анализираат јавните политики (земјоделство, регионална политика, заедничка надворешна и безбедносна политика). Ќе бидат опфатени и анализата и демократските недостатоци и отуѓеноста на европските лидери од граѓаните на Европската унија.
  • [C2315] [6 ЕКТС] Стратешко планирање во јавниот сектор
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат и да ги стекнат основните знаења во однос на работењето и управувањето со јавните организации и институции. Стратешкото планирање за непрофитни организации служи како вовед во процесот на стратешко планирање за непрофитни администратори или за оние кои се заинтересирани за практичните аспекти на непрофитното управување. Непрофитните организации се повеќе се соочуваат со предизвици и барања за одговорност кои бараат од лидерите да можат да размислуваат и да дејствуваат стратешки. Затоа, овој предмет има за цел да поттикне критичко размислување кај студентите за усовршување на стратегиите кои треба да се применат во однос на работата на јавниот или непрофитниот сектор, засновани на професионализам и максимална посветеност.
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
    • [E2740] Управување на проектен циклус
    • [ELSP4070] Социјален менаџмент
    • [EM483] Евалуација на јавни политики: теории, модели и процеси
    • [EPA-403] Номотехника
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет (од насоката)
    • [MCDP1020] Меѓународни институции
    • [MCDP2020] Европска унија: институции, политики и права

Семестар 8

  • [CM214] [6 ЕКТС] Економија на јавен сектор
    Во рамките на предметот Економија на јавниот сектор се анализира улогата на владата во економијата. Треба да размислиме за улогата на владата како ентитет кој собира даноци од поединци и фирми, троши даночни приходи и уредува одредени аспекти на економските активности. Економистите обично размислуваат за две главни причини зошто е неопходна владина интервенција во економијата: ефикасност и правичност. Економијата на јавниот сектор го анализира влијанието на јавните политики врз распределбата на ресурсите и распределбата на приходите во економијата. Преку предметот се проучуваат различните пазарни неуспеси како образложение за јавно делување и се анализира како владините политики можат да ги подобрат пазарните резултати. Понатаму, се проучуваат регулирањето на јавните претпријатија, како и клучните прашања во даночната политика.
  • [EMPS1034] [6 ЕКТС] Одржлив развој
    Целта на проучувањето на предметот е студентите да стекнат сеопфатни знаења што се однесуваат на одржливиот развој како нов концепт на развој кој се наметнува на глобалната сцена, којшто може да овозможи опстанок на планетата Земја. Со изучувањето на предметот, студентите ќе ги проучуваат причините за појава на концептот на одржливиот развој, ќе умеат да ги објаснат значењето и супериорноста на концептот на одржливиот развој, ќе се запознаат со глобалните проблеми на животната средина, ќе бидат во можност да ги наведе принципите и димензиите на одржливоста, ќе имаат сознанија за одржаните меѓународни конференции за одржлив развој и усвоените документи, ќе се запознаат со меѓународните организации со мандат да делуваат во областа на одржливиот развој, ќе бидат во можност да ја осознаат политиката на ЕУ за одржлив развој, ќе знаат на кој начин РСМ гради политика на одржливост на развојот, ќе умеат да ја образложат потребата од економско делување со почитување на принципите на одржливиот развој со цел зголемување на компетитивноста на бизнисот. Изучувањето на овој предмет ќе придонесе за стекнување продлабочено знаење за одржливиот развој, на меѓународно ниво, на ниво на Европската унија и нејзините земји членки, како и во РСМ.
  • [MDCS1020] [6 ЕКТС] Граѓанско општество и развојни политики
    Во фокусот на овој предмет е запознавање со теориите на настанокот на граѓанското општество, дефинирање на просторот кој го зафаќа граѓанското општество, клучните актери, интеракциите со другите сектори во државата, улогата и структурата на граѓанскиот сектор, начините на работа, карактеристиките на граѓанското општество во Македонија и во регионов, стратегиите за негова одржливост, како и начините за влијание врз политиките и демократските процеси. Во делот на развој, овој предмет ќе обезбеди претставување на клучните развојни концепти, теории и пристапи, како и на предизвиците кои осиромашувањето и назадувањето во развојот ги наметнува на оние кои работат во донаторските агенции, државните развојни агенции ГОи, фондации и истражувачки институти.
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
    • [E2740] Управување на проектен циклус
    • [ELSP4070] Социјален менаџмент
    • [EM483] Евалуација на јавни политики: теории, модели и процеси
    • [EPA-403] Номотехника
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет (од насоката)
    • [MCDP1020] Меѓународни институции
    • [MCDP2020] Европска унија: институции, политики и права
Google+